Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0033_resize

По повод големиот христијански празник Водици, денес со почеток во 09.00 часот во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа богојавленска литургија на која присуствуваа голем број наши сограѓани меѓу кои градоначалникот Горан Трајковски и претседателот на Советот на Општина Делчево , Драган Маневски по што со Света литија со стотина граѓани од Делчево и околните населени места, верниците се упатија кон мостот на река Брегалница.

DSC 0013_resize DSC 0014_resize

DSC 0019_resize

По чинот на осветувањето на водите на р.Брегалница од страна на свештенослужителите при делчевското архиерејско намесништво крстот беше фрлен. Од триесетина храбри момчиња најголема среќа да го фати крстот имаше Кирил Ѓеоргиевски од населбата Милково Брдо, Делчево. Целиот настан го проследија над 3000 верници од Делчево и пошироко.
Општина Делчево претставувана од градоначалникот Горан Трајковски годинава за среќниот верник кој го фати светиот крст обезбеди парична награда во вредност од 10 000 денари, Додека од веледрогеријата ЗЕГИН доби подарок  ЛЕД телевизор.
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа.

DSC 0021_resize

DSC 0022_resize

DSC 0024_resize DSC 0031_resize

DSC 0039_resize

DSC 0040_resize

DSC 0005_resize

Share/Save/Bookmark