Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Четвртата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 30.01.2018 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот дневен ред:

ДНЕВЕН РЕД

-Усвојување на Записникот од Tретата седница 

  1. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2018 година;
  2. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект магацин за прехранбени и предмети за домаќинство  во урбанистичко-планска документација на Надица Стојменовска;
  3. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект станбена куќа во урбанистичко-планска документација на Икма Зекировска;
  4. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект помошен објект  во урбанистичко-планска документација на Зоран Ордев;
  5. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект викенд куќа А4 во урбанистичко-планска документација на Мухамед Кајтазов Делчево;
  6. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект помошен објект во урбанистичко-планска документација на Мухамед Кајтазов Делчево;
  7. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт урбанистички план вон населено место за придружни и услужни објекти на магистрален пат М5 Делчево-М.Каменица-Општина Делчево;

Образлагач: Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

     8.Предлог-Одлука за утврдување на зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Делчево.

Образлагач:Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште.

     9.Предлог-Листа за определување на имиња  на улици,плоштади,мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Делчево

Образлагач: Маја Стоименовска-Соработник за работа со ГИС.

   10.Предлог-Програма за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево;

Образлагач:Кире Цоневски

   11.Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2018 година;

Образлагач:Розета Цонева, ВД директор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

  12.Програма за реализација на ученичка екскурзија од трето одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево со Мислење;
  13.Програма за реализација на ученичка екскурзија од шесто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево  со Мислење;
  14.Програма за реализација на ученичка екскурзија од деветто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево со Мислење;

Образлагач: Горан Димитровски-ВД Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“

  15.Предлог-Одлука за формирање на Локален совет за превенција;
  16.Предлог-Одлука за формирање на Совет за јавно здравје наОпштина Делчево;
  17.Предлог-Одлука за формирање на Комисија за заштита на правата на пациентите;
  18.Предлог-Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите;

Образлагач: Драган Маневски, претседател на Советот на Општина Делчево

  19.Предлог-Одлука за приоритетен проект „Одделеување на фекалната од атмосферската канализација на Милково Брдо-дел 2-Делчево во Делчево;
  20.Предлог-Одлука за приоритетен проект „Изработка на техничка документација за одделеување на фекалната од атмосферската канализација во населба Ново Делчево, СРЦ и Шумски расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализација на ул. „Орце Николов“ и изградба на главен колектор од СРЦ и Шумски расадник.
  21.Предлог-Одлука за краткорочно домашно задолжување на општина Делчево;

Образлагач:Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.

  22.Информација за загадувањето на воздухот во Општина Делчево и мерки преземени од страна на овластениот инспектор заживотна средина.

Образлагач: Љупчо Симоновски-Овластен инспектор за животна средина.

  23.Правилник за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево;

Образлагач: Сузана Петровска-Раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

 Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Број 09-104/1
23.01.2018 година
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски

Share/Save/Bookmark