Соопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“за дел од УБ 2.6 Во УЕ 2 Општина Делчево



Четврток, 01 Февруари 2018 12:58
Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07; 91/09; 124/10; 18/11,53/11 , 144/12, 55/13,163/13 и 42/14 ) Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“за дел од УБ 2.6 Во УЕ 2 Општина Делчево
Се спроведува јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“за дел од УБ 2.6 Во УЕ 2 Општина Делчево.
Овој локалитет е со опфат од 5.08 ha и е дефиниран со следните граници:
- Дел од улицата Маршал Тито кон југ од спој со Крушевска улица на север на опфат кон југ до спој до севезападна граница на ендек (источни граници на: ) к.п. бр.8761/4, к.п. бр.8761/2, к.п. бр.8764, к.п. бр 8766, к.п. бр.8715 4, кон североисток до осовина на Крушевска улица (новопроектирана Сервисна улица согласно ГУП, делумно изведена) .
- По осовина на Крушевска улица ( новопроектирана - делумно изведена) кон северозапад до спој со улица ,, Маршал Тито,, По осовина на ул.Маршал Тито – југозападна страна
Нацрт -Детален урбанистички план (ДУП) Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“за дел од УБ 2.6 Во УЕ 2 Општина Делчево Општина Делчево ќе биде изложен на Огласна табла на Општина Делчево, на Главен влез на ТЦ ПЕЛА-Делчево, на излог на Градско Кино во Делчево,на веб страницата на Општина Делчево и во системот е-урбанизам.
Во наведениот период и време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ке се одржи на ден 08.02.2018 г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 12:00 часот и почетокот на јавната презентација воедно ќе претставува и почеток на јавна анкета, а истата ке трае 10 работни дена, односно заклучно со 23.02.2018година.
Заинтерисираните граѓани и правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлози на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево
Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила и на Интернет страната на Општина Делчево .
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.