Петок, 02 Февруари 2018 10:07
Согласно Програмата за извршување на јавни работи во Општина Делчево за 2018 година, бр.08-140/1 од 30.01.2018 година, Општина Делчево објавува Јавен повик до сите заинтересирани работоспособни невработени лица, за пријавување за ангажирање во извршувањето на јавни работи на подрачјето на Општина Делчево. Право на пријавување имаат невработени лица евидентирани во АВРМ и тоа: долгорочно евидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица , повозрасни невработени лица (над 55 години) кои тешко наоѓаат постојано вработување и се соочуваат со висок степен на сиромаштија. Истите за својата работа ќе примаат паричен надомест од 7.000 денари месечен нето износ, со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа.
Организатор на Јавните работи е Општина Делчево.
Главни активности за извршување на јавните работи:
- Чистење на ендеци и холтикултурно уредување на кејот на река Брегалница и река Габровчица ;
- Чистење на канавки и банкини по локалните патишта во населените места во општината;
- Чистење на гробиштата во селските средини ;
- Одржување и заштита на веќе поставената урбана опрема;
- Подигање на нови зелени површини на неколку локации во урбаниот дел од градот ;
- Чистење на постојните канали за наводнување од наносен материјал во градот и селските населби;
- Сечење на застарени дрвни видови и грмушки во заштитната зона на патот во селските средини;
- Отстранување на сите суви, трули и заболени дрвни видови во градот;
- Расчистување на диви депонии во градската средина;
- Чистење на дивите депонии во населените места на општина Делчево;
- Санација и одржување на тротоари во градот;
- Кроење, подкастрување и уредување на крошните на сите дрвни видови и грмушки во градската средина на општина Делчево;
- Редовно спроведување на одгледувачките мерки на зелените површини и тоа: наводнување, оросување, окопување, одгледување на крошните, прихранување и др.
Времетраењето на извршувањето на јавните работи и ангажирањето на невработените лица започнува од месец Март 2018 година па се до месец Декември 2018 година (доколку дозволуваат временските услови).
Пријавувањето по Јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Пријавувањето ќе се врши во архива на Општина Делчево, ул:Светозар Марковиќ бр.1, секој работен ден од 08 до 16 часот. Кон пријавата невработените лица треба да приложат:
- Копија од важечка лична карта
- Потврда за невработеност
- Изјава/согласност за користење на личните податоци.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.