Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1.3 

Четириесет ученици од Делчево денеска се сретнаа со претседателот на македонското Собрание, Талал Џафери и остварија средба со пратеници од македонскиот парламент. Посетата е во рамките на наставните предмети за граѓанско образование и етика која има за цел запознавање на учениците со работата на македонското Собрание како највисоко законодавно тело во земјава, градење чувство на одговорност и сопствен придонес во општеството и сите негови вредности.

Професорката Весна Димитровска од СОУ „М. М.Брицо“ истакна дека во македонскиот Парламент биле пречекани од пратеничката од Делчево, Мира Стојчевска која ги запознала учениците со работата на пратениците, нивната улога и значење, начинот на донесување закони, соработката со претседателот на Собранието и сл. по што учениците остварија средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Групата ученици е составена од  20 ученици од делчевската гимназија, а по 10 ученици од двете основни училишта во Делчево, а посетата на учениците на македонското Собрание е организирана од СОУ „Методи Митевски Брицо”, а во соработка со основните училишта од општината.

ВД директорот на СОУ „М.М.Брицо“, Љупчо Прачковски, истакна дека оваа посета беше организирана со цел да се продлабочи соработката меѓу гимназијата и основните училишта во општината, да се подигне на едно повисоко ниво и да се отпочне со работа на заеднички проекти во кои ќе бидат вклучени ученици од сите три училишта.

-Посетата на законодавниот дом на Република Македонија е во корелација со наставните предмети граѓанско образование и етика кои учениците ги изучуваат во основно образование и социологија, граѓанско образование и етика кои учениците ги изучуваат во средно образование.  Целта на посетата е учениците подобро да се запознаат со работата на парламентот, како и со работата на пратениците во парламентот, истакна директорот на СОУ „М.М.Брицо“, Прачковски.

 

1.1

1.2

Share/Save/Bookmark