Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Советот на Општина Делчево донесе Правилник за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево. Со овој Правилник, кој е прв ваков документ, Општина Делчево ја зголемува транспарентноста во постапката за доделување на општински награди и признанија, но и создава правна основа за доделувањето награди.

Со Правилникот е уредено Општина Делчево да доделува општинска награда на физички и правни лица, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Ооштината и нејзината афирмација во РМ и во светот.

Оваа награда во вид на плакета и парични средства ќе се доделува по повод 7 Септември, празникот на Општина Делчево. Целата постапка околу доделувањето на  наградата ќе ја води Комисија формирана од Советот на Општина Делчево. Конкурсот за доделување на оваа награда ќе се објавува најдоцна до 1 Јули во тековната година.

Исто така, по разни поводи и настани организирани од Општина Делчево ќе се доделуваат општински признанија во вид на плакета и благодарница. Тука се предвидени награди за:

1. Награда за ученици кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари;
2. Награда за најдобрите матуранти;
3. Награда за најдобар ученик од ромска националност;
4. Награда за најдобар пожарникар;
5. Награда за најдобар полициски службеник;
6. Награда за верскиот празник ,,Богојавление –Водици,,;
7. Награда по повод манифестацијата ,,Пијанечки денови на сливата,,
8. Новогодишен подарок за службите кои дежураат на ноќта на дочекот на Нова година;
9. Свадбен подарок за Пијанечко- Малешевската свадба.

Наградата за ученици кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари се доделува во форма на парични средства и тоа:

- 15.000 денари за освоено прво место
- 10.000 денари за освоено второ место
-  8.000 денари за освоено трето место

Барањето за доделување на оваа награда, ученикот го доставува до архивата на Општина Делчево, најдоцна до 31 декември во тековнатагодина кога е организаран натпреварот.

Во прилог на барањето потребно е да се достави доказ, фотокопија од диплома за освоената награда од државниот  или меѓународниот натпревар и потврда за редовен ученик.

Традиционално, Општина Делчево доделува награда за најдобрите 10 матуранти во СОУ „М.М.Брицо“, која е во вид на организирано патување во странство; наградата за најдобар ученик од ромска националност се доделува по повод Светскиот ден на ромите 8 Април; наградата за најдобар пожарникар се доделува по повод Денот на македонските пожарникари 20 Мај; наградата за најдобар полициски службеник се доделува по повод Денот на македонската полиција7 Мај.

Исто така, по повод верскиот празник Богојавление–Водици, традиционално се доделува  награда на лицето кое ќе го фати светиот крст во водите на реката Брегалница. Наградите по повод  манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“ се доделува традиционално секоја година на тројца најдобри и најкреативни учесници на манифестацијата.Новогодишниот подарок се доделува на службите кои работат на денот/ноќта на дочекот на Новата година. Свадбен подарок се доделува на младоженците кои се избрани за Пијанечко- Малешевската свадба во тековната година, која секоја година се организира во првата половина од месец септември.

Share/Save/Bookmark