Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

biblioteka1

Во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево расте интересот кај младите за читање книги на англиски јазик. Поради овој факт, ЈЛБ „Илинден” од саемот на книгата во Софија, Р.Бугарија, набави повеќе популарни наслови на англиски јазик.  

Директорката на ЈЛБ „Илинден“,Билјана Петровска, истакна дека овој интерес кај младите радува, а градската библиотека ќе излегува во пресрет на нивните барања.

-          Најбарани се книгите Killer-Jonathan Kellerman, The thiet-Clive Cussler, Bleachers-John Grisham, Calico Joe- John Crisham, Lost city-Clive Cussler. Ова е дел од атрактивната литература за младите, а ние како библиотека ќе го следиме нивниот интерес и планираме да набавиме и други актуелни наслови во англиска верзија, рече Петровска.

Инаку, од саемот на книгата во Белград, Р.Србија, се набавени популарните наслови од Нора  Робертц, а од најновите изданија во библиотеката се издвојуваат насловите: „Седумте сестри” и „Сестрата создадена од бурата”, најновото од Лусинда Рајли, „Господар на сенките” од Донато Каризи, „Принцезата Султана”од Џинса Сон,„Потекло”од Ден Браун, „Во водата”од  Пола Хокингс.

-ЈЛБ „Илинден” и понатаму ќе продолжи да ги набавува најновите и најатрактивните наслови, изданија на книги, од сите жанрови. Библиотеката  и понатаму целосно се става во функција на читателите кои трагаат по квалитетно знаење, информации и креативно искуство, секојдневно стремејќи се да прерасне во современа библиотека која во целост ќе одговара на предизвиците на новото време, рече Петровска.

Најчитани книги за претходната година во делчевската градска библиотека се „Те нема никаде“ од Јелена Бациќ-Алимпиќ и „Куќа на орхидеите“ од Лусинда Рајли.

 

biblioteka2

Share/Save/Bookmark