Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

zemjodelie

Работната единица за развој и поттикнување на земјоделството од Делчево им соопштува на заинтересираните граѓани, посебно на земјоделците дека ќе организира едукација по јавните повици од ИПАРД 2018 и рурален развој за 2018 за лицата кои ги исполнуваат критериумите за апликација.

Апликацијата ќе се врши во работната просторија на Работната единица (канцеларија 28) во зградата на старото собрание во вторник и четврток од 10-12 часот, а по потреба и секој работен ден од 10-16 часот. Едукацијата ќе се извршува во месеците февруари, март и април 2018 година.

Share/Save/Bookmark