Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

deponii1 resize

ЈПКД „Брегалница“ интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот. Досега е завршено чистењето на депонијата на реката Брегалница во индустрискиот дел од градот, депонијата за градежен шут Ралева Чука, ендекот Грозданец, како и дивата депонија формирана во централното градско подрачје во делот каде се спојуваат ул. „Маршал Тито“ и ул.„Солунска“.

Акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат. Директорката на ЈПКД „Брегалница“ Розета Цонева истакна дека со акцијата ќе се продолжи и наредниот период согласно со Годишната програма за работа на претпријатието.

-Досега се исчистени 4 диви депонии, депонијата кај мостот на р. Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чука, депонијата кај ендекот Грозданец, како и депонијата формирана во централното градско подрачје. Остануваат уште депониите кај Попов мост, кај манастирот „Св. Богородца- Балаклија“, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да се користи и соодветна механизација, а отпадот потоа се транспортира и се депонира на главната депонија, рече Цонева.

Од ЈПКД „Брегалница“ апелираат до граѓаните за поголема свест за чистата животна средина.

-Јас ги повикувам граѓаните да ја почитуваат животната средина, да не депонираат најразличен отпад на овие црни точки за животната средина кај нас, бидејќи редовно се случува ние да ги исчистиме локациите, а другиот ден повторно да најдеме депониран отпад. Дивите депонии се потенцијална опасност од зараза, но и го нарушува изгледот на градот, посебно локалциите кои сами си ги одбрале за депонии, како што се туристичките локалитети, на пример патот за Голак и манастирскиот комплекс Св. Богородица Балаклија“, истакна Цонева. 

deponii2 resize

Share/Save/Bookmark