Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0010_resize

- Во моментов, екипите на ЈПКД „Брегалница“ работат на  реконструкција на потисен цевковод од пумпа до резервоар во должина од 800 метри, досега реконструирана е водоводна линија во должина од 160 метри. Се вградуваат полиетиленски цевки Ф 110, а цевките се обезбедени со средства од Буџетот на Општина Делчево.

DSC 0007_resize DSC 0012_resize

Ова е приоритетна активност за решавање и е дел од програмата за работа на градоначалникот Трајковски. Како што изјави градоначалникот за медиумите - во 21 век не смее да дозволиме нашите граѓани да имаат проблеми со водоснабдувањето. Во селото Габрово, каде што живеат околу 700 жители, минатото лето , но и во текот на зимата, проблемот со водоснабдувањето кулминираше, така што жителите со денови немаа вода во домовите. Причината за овој проблем, како што потенцираа стручните лица од ЈПКД „Брегалница“, била дотраеноста на старата водоводна инсталација, поради што цевките постојано пукале, при што се јавуваа големи загуби на водата, а се правеа дополнителни трошоци и за струја.

Со оваа интервенција ќе се решат голем дел од проблемите соводоснабдувањето во Габрово. Во иднина Локалната самоуправа ќе изнаоѓа решенија и во соработка со најразлични донатори ќе работи проекти со цел обезбедување на чиста вода за пиење.

Во контекст на оваа проблематика сакаме да потенцираме дека отпочнуваме со проектот за изградба на филтер-станица на браната Лошана.

Проектот за изградба на филтер -станицата на браната е со вкупна вредност од 7, 5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министерството за животна средина со 1, 4 милиони швајцарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци.

 Со иградбата на овој капитален проект ќе се обезбеди чиста вода за пиење, ќе се реши и недостигот на вода, а Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.

DSC 0014_resize

DSC 0018_resize

Share/Save/Bookmark