Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Соопштенија - Категорија-Тековни соопштенија

100dena trajkovski

Сто дена-предизвик за поубаво Делчево

 Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на општината која ќе биде општина за сите граѓани, се дел од активностите кои ги одбележаа првите сто дена на новата локална власт во Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски. 

За градоначалникот Трајковски, овој период од три месеци даде можност да се согледа кондицијата во која се наоѓа општината од секој аспект на делување, но и да се отпочне реализацијата на дел од проектите.

- Главна цел ни е да ги подобриме услугите во нашата општина и да ја направиме поблиска до сите граѓани. Нашите врати се отворени за сите коишто имаат предлози за да направиме Општина Делчево да функционира подобро. Во овој период работиме напорно за да ги оствариме сите нови програми и планирани активности со коишто ќе го подобриме секојдневниот живот на нашите граѓани и да им понудиме подобри услови на секое поле. Вложувавме напори да ги искористиме сите ресурси за општината, да создадеме можности за вработување, но и намалување на сиромаштијата, со што би се спречила миграцијата на младите квалификувани кадри. Во Делчево постои доволно потенцијал за надминување на сите препреки и за решавање на проблемите, рече Трајковски.

Отворена и услужна општина за сите

Во првото резиме за трите месеци на новата локална власт, околу 650 граѓани биле примени од градоначалникот Трајковски, во редовниот термини за прием на странки, но и во текот на целата работна недела. Бројка која отворено зборува дека граѓаните имаат потреба да се сретнат со првиот човек на градот и лично пред него да ги искажат проблемите со кои се соочуваат. Најчесто, граѓаните барале решавање на некој инфраструктурен проблем кој со години останал нереализиран, а е во надлежност на општината. Во однос на нивните барања, преземени се соодветни мерки од надлежните одделенија во Општината, или се ставени како приоритети за решавање во наредниот период.Дел од граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик побарале и еднократна финансиска помош од Општината.

Одделенијата во ЕЛС Делчево се отвораат за директна комуникација со граѓаните, со цел поажурно исполнување на функциите на одделенијата, како обврска и вистински сервис за граѓаните. Назначените лица од сите одделенија при ЕЛС Делчево имаат директна обврска да ги сослушаат граѓаните и во рамки на своите овластувања и надлежности да постапат во насока за решавање на предметите на граѓаните во најкус можен рок, согласно со пропишаната позитивна законска регулатива.

-Реализираме поблиска комуникација и соработка на граѓаните со ЕЛС Делчево.  Со стапувањето на функцијата започнав со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација во Делчево. Како едно од клучните полиња на организациска поставеност и секојдневно функционирање, определени се термини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните, на неделно ниво, коишто се практикуваат, со цел поблиска и директна комуникација и соработка на ЕЛС Делчево и со мене, како градоначалник, рече Трајковски.

Градоначалникот Трајковски како свој приемен термин го има одредено секој работен четврток од 10:00 до 13:00 часот.

Во овој период се одобрени 15 решенија за еднократна парична помош во износ од 144.500 денари. Одобрени се 4 решенија за исплата на спортските клубови во износ од 54.000 денари, а 2 решенија за граѓански органзации во износ од 50.600 денари.

Во овие три месеци, Општина Делчево исплатила долг во висина од 587.855 денари на 13 пожарникари на кои пред 8 години им биле незаконски скратени додатоците на плата за дежурства по што вработените од ТППЕ од Делчево ја тужеа општината за нивните законски права. Градоначалникот  разговараше со сите пожарникари и 13 од нив се откажаа од каматите. Исплатата на главниот долг се одвива во две фази при што првиот дел им е исплатен пред нова година, а остатокот е во фаза на исплаќање.

На претходниот состав на делчевскиот Совет, Општина Делчево должеше 14 советнички паушали на 15 советници. Во овој период од три месеци исплатени се паушалите за 6 седници, односно од 39-44 седница, а вкупниот износ е 937.815 денари.

Исплатени се заостанати 68 стипендии, односно по 4 стипендии на 17 ученици, односно исплатани се вкупно 92.000 денари, а исплатени се и 147.000 денари за 49 новороденчиња родени во 2017 година.

Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во изминативе три месеци има донесено 48 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Извршен е упис во Агенцијата за катастар на 50 градежни објекти, склучени се договори за комуналии и издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 индивидуални објекти, а 1 на Општината кој се однесува на пешачкиот мост на река Брегалница. Извршена е 121 проценка на пазарна вредност на недвижен имот за данок на промет. Издаден е 31 извод од Урбанистички план. Издадени се 24 потврди за уличен број. Донесен е еден ДУП на дел од ценралното градско подрачје.

 

 Инфраструктурни проекти

Приоритет на новата локална власт во Општина Делчево е решавање на инфраструктурните проблеми и создавање услови за реализација на проекти кои треба да донесат подобар квалитет на животот на граѓаните во општината. За реализација на оваа цел во буџетот за тековната 2018 година за капитални инвестиции во Делчево се планирани 47.792 милиони денари од основниот буџет кој е планиран во висина од 103 милиони денари, додека во вкупниот буџет кој е проектиран во висина од 275 милиони денари, износот на планирани капитални инвестици изнесува 73.123.000 денари. Во општинскиот буџет за оваа година се планирани 50% повеќе средства во споредба со лани за изработка на проекти, а значајно е што ќе се изработува и проектот за нов градски пазари проект за градска капела.

Изградба на пешачки мост на реката Брегалница-Обезбедени се средства и подготвена е целосна документација со сите согласности од надлежните институцииза изградба на првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево. Во тек е распишување на тендерот за избор на најповолен изведувач на работите по што се очекува градежните работи за изградба на пешачкиот мост да започнат оваа пролет. Средствата во висина од 6 милиони денари се обезбедени од ИПР, додека 1 милион денари ќе финансира Општина Делчево.

Пешачкиот мост е желба од граѓаните и приоритетен проект одбран на форумите на заедницата. Овој мост ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот.Покрај тоа што ќе биде и украс на градот, мостот ќе биде и доста функционаленсо што граѓаните ќе имаат подобар и пократок пристап додетската градинка, автобуската, библиотеката, училиштата, зградата на Општината, но и градскиот пазар, а ќе се растовари сегашниот мост кој е и единствен во центарот на градот и ќе се зголеми безбедноста на пешаците.

Изработка на проект за градска капела- Во месецот јануари 2018е завршен тендерот за изработка на проект за изградба на градска капела на градските гробишта во Делчево. Проектот треба да биде готов во рок од два месеци, по што се очекува оваа пролет да  започнат градежните работи за изградба на градската капела, која беше еден од приоритетите на граѓаните одбрани на форумите на заедницата. Вкупната вредност на проектот е 5, 5 милиони денари. Дел од средствата се обезбедени преку грант од Светска банка, а дел Општина Делчево.

Изработка на проекти за одделување на фекалната од атмосферската канализација во населби во Делчево- Изработка на техничка документација за одделување на фекалната од амосферската канализација цо населбите Ново Делчево, СРЦ, Шумски Расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализацијана улицата „Орце Нколов“ и изградба на глаен колектор од СРЦ и Шумски Расадник. Исто така, подготвен е проект „Одделување на фекалната од атмосферската канализација на Милково Брдо дел 2. За двата проекти обезбеден е грант во висина од 393.000 евра преку Министерството за транспорт и врски, а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка.

 

Изработка на техничка документација за доградба на детската градинка „Весели цветови“-Добиен е проект за изработка на техничка документација за детската градинка. Проектот е аплициран и обезбедени се средства од Бирото за регионален развој преку ИПР. Во декември 2017 е аплицирано до МТСП за доизградба на 4 занимални во детската градинка„Весели цветови“, вредноста на проектот е 300.000 евра .

Енергетски ефикасно јавно осветлување-  Во завршна фаза е замената на постојните улични живини светилки со штедливи светилки. Досега се заменети 600 улични светилки со ЛЕД- диоди, а во тек е поставување на преостанатите 160 штедливи ЛЕД- диоди.  Заменета е завршена на булевар „Македонија” во централното градско подрачје, на улица „М.М.Брицо“ и на улица „Маршал Тито“.Во рамките на проектот, предвидена е инсталација на вкупно 760 штедливи ЛЕД диоди во 7 села (Габрово, Вирче, Град, Стамер, Разловци, Звегор, Тработивиште) и градот Делчево, (населба Ново Делчево- „Орце Николов“, „Кеј на ослободување“, „Скопска“, населба Прв Реон- „Голачка“, „Солунска“, населба Втор Реон- Брегалничка“, „Ванчо Прке“, населба Трет Реон- „Острец“, населба Стар Расадник- „К.Ј.Питу“, „Видео Смислевски-Бато“, „Кеј на Брегалница“, населба Милково Брдо- улица „Браќа Миладинови“, „Вера Јоциќ“, Вељко Влаховиќ“, Питу Гули“,„Кирил и Методиј“ и „Ѓорче Петров“. Проектот треба да заврши до октомври оваа година, а со реализацијата на овој проект, јавното осветлување на општина Делчево ќе биде целосно енергетски ефикасно што ќе донесе големи заштеди на енергија. Замената на живините улични светилки со штедливи ЛЕД- диоди е во рамките на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево” партнерски проект помеѓу Општина Делчево и Општина Благоевград. Проектот е кофинансиран од ЕУ. ( 85% од ЕУ и 15% од Владата на Република Македонија). Буџет – 190 665 ЕУР.

Асфалтирање улици во Делчево-Во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, заврши асфалтирањето на најфреквентната улица во Делчево „Светозар Марковиќ“ во должина од 540 метри. Освен оваа улица, во рамките на проектот е планирана изградба на три улици, а вкупниот проект кој е во износ од 260 илјади евра е финансиран со грант од ЕУ преку ИПА- претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка преку Министерството за финансии. Во вкупната сума учествува и државата со 65 илјади евра и општината со 31 илјада евра. Претходно беше реконструирана улицата „Питу Гули“ во населбата Милково Брдо во должина од 380 метри, а овде во тек е изградба на тротоари. Исто така, во должина на околу 300 метри ќе се врши и реконструкција на улицата во центарот на Делчево, „ Маршал Тито“, која ќе опфати и изградба на атмосферската канализација. Стартот на градежните работи на оваа улица ќе зависи од временските услови, а крајниот рок за финализирање на вкупниот проект е јуни оваа година.

Чистење на дивите депонии-Во соработка со ЈПКД „Брегалница“ од Делчево интензивно се работи на чистење на дивите депонии во градот и поблиската околина. Лоцирани се 6 диви депонии, а акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат. Депонијата кај мостот на р. Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чукаи ендекот Грозданец се веќе исчистени. Доколку дозволат временските услови, овој период ќе се чистат депониите кај Попов мост, кај манастирот „Св. Богородца Балаклија“, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да се користи и соодветна механизација, а отпадот потоа се транспортира и се депонира на главната депонија.

Отпочнување на проектот за изградба на филтер-станица на браната Лошана -Изградбата на прочистителната станица е втор капитален проект во Делчево во последните 10 години. Хидроакумулацијата Лошана беше изградена во 2008 година при што беше решен проблемот со недостигот на вода за пиење на градот Делчево и неколку населени места во општината. Проектот за изградба на филтер -станицата на браната е со вкупна вредност од 7, 5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министерството за животна средина со 1, 4 милиони швајцарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци. Со иградбата на овој капитален проект ќе се обезбеди чиста вода за пиење, ќе се реши и недостигот на вода, а Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.Со имплементацијата на проектот планрано е да се започне од јуни оваа година.

Меѓуопштинска соработка- формиран ЛАГ „Малеш Пијанец“-Општина Делчево во соработка со општините од регионот, Пехчево и Берово, како и граѓански организации и претставници на бизнис -заедницата од овие три општини, регистрирана е Локална акциска група „Малеш Пијанец“ согласно со ЛИДЕР мерката на ЕУ. Формирањето на ЛАГ „Малеш Пијанец“ и отворањето на канцеларијата на ЛАГ ќе донесе нов начин на соработка со соседните општини и реализација на проекти кои треба да донесат развој на регионот.

Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор- Обезбеден е проект за изработка на стратешки документ за соработка на граѓанскиот сектор и Општина Делчево. Овој документ ќе ги дефинира насоките и целите во кои ќе се движи соработката со граѓанскиот сектор во Делчево. Ќе биде донесен и акциски план за имплементација на стратегијата.

Општина Делчево е во директна корелација со претставниците на граѓанските здруженија со цел нивно активно вклучување во креирање на буџетот, но и поддршка од Општината за нивните активности. Со овој нов начин на комуникација со граѓанските организации се зголемува транспарентноста на општината во делот на трошењето на средствата предвидени во буџетот на Општината за оваа намена, а отчетноста ќе се согледува во извештај кој ќе треба да го достават организациите кои се баратели на средства. Општината гледа партнер во НВО за креирање на локалните политики, а НВО треба да бидат активни чинители во тој процес.

Општина Делчево за поддршка на НВо и спортските клубови, годинава во буџетот предвиде 1, 6 милиони денари, од кои 700.000 денари за граѓанските организации, а 900.000 денари за спортските друштва.

 -Ние, како отворена локална власт ќе работиме на полето за подобра соработка со граѓанскиот сектор и ќе бараме од нив активно вклучување во креирањето на локалните политики. Ќе формираме координативно тело и ќе овластиме лице задолжено за контакт со нив, кое ќе ги координира нивните активности. Во буџетот веќе ги одделивме ставките за спортските здруженија и граѓанските здруженија, потенцираше Трајковски.

 

Форуми на заедницата- Во партнерство на Општина Делчево со НВО „КХАМ“ Делчево, како менторска организација за проектот „Здружени сили за заеднички интереси“  имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, во Делчево беа организирани 4 форумски сесии, каде што граѓаните, институциите и невладините организации имаа можност да ги лоцираат проблемите во заедниците и да ги стават како приоритети, но и да изградат коалиции меѓу нив што би значело можност за соработка во иднина.Грантовите за проектите кои ќе се финансираат во рамките на овој проект се во висина од 300.000 до 360.000 денари. Проектот ефинансиран од Европска Унија во рамките на ИПА -Програма за поддршка на граѓанското општество и медиумите.

 

 

Соработка со Советот на Општина Делчево

Соработката со Советот на Општина Делчево е клучен момент за реализација на плановите и програмите на Општина Делчево. Во овој период се одржани 5 седници на Советот и расправано е по 97 точки од дневниот ред. Меѓу одлуките значајни за развојот на општината се:

1.Одлука за одвојување средства за финансиско учество на Општина Делчево во импементација на проекти од регионално значење;

2. Одлука за пристапување на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој Локална акциска група „Малеш Пијанец“;

3.Одлука за формирање Локален совет за превенција;

4.Одлука за формирање Совет за јавно здравје на Општина Делчево;

5.Одлука за формирање Комисија за заштита на правата на потрошувачите;

6.Одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите;

7.Одлука за приортетен проект „Одделување на фекалната од атмосферската канализација на населбата Милково Брдо-дел2 во Делчево“;

8.Одлука за приоритетен проект „Ирзаботка на техничка документација за одделување на фекалната од амтосферската канализација во населбата Ново Делчево, СРЦ и Шумски Расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализација на ул.„Орце Николов“ и изградба на главен колектор од СРЦ и Шумски Расадник“.

9. Локален еколошки акциски план на Општина Делчево 2017-2010.

 10.Делчево за прв пат донесе Правилник за начинот и критериумите за доделување награди и признанија на Општина Делчево. Со овој Правилник, кој е прв ваков документ, Општина Делчево ја зголемува транспарентноста во постапката за доделување на општински награди и признанија, но и создава правна основа за доделувањето награди.


Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Јуни 2018, 13.05 од Д.Чапевски
2018-06-22-12-15-34   Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересираше...
Објавено на 21 Јуни 2018, 13.33 од Д.Чапевски
2018-06-21-12-37-21 Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево. Денеска  се поставува првиот слој асфалт, а како што информираат од фирмата изведувач на работите „Ескалатори“...
Објавено на 18 Јуни 2018, 14.35 од Д.Чапевски
2018-06-18-13-37-14 Пехчевката Моника и штипјанецот Иле Гоцевски се  младите кои на стар автентичен начин ќе ја крунисаат својата љубов во рамките на 12-то издание на културната манифестација„Пијанечко-малешевска...
Објавено на 18 Јуни 2018, 14.18 од Д.Чапевски
2018-06-18-13-19-43  Поради незадоволството од граѓаните кои пријавуваат до нас дека таксипревозниците не се придржуваат на цената утврдена на Советот, испраќаме апел до превозниците да ја почитуваат одлуката, но и до...
Објавено на 18 Јуни 2018, 14.04 од Д.Чапевски
2018-06-18-13-09-34 Во Општина Благоевград се одржа втората дводневна работилница на тема „ЛЕД осветлување – квалитет, ефикасност и чиста животна средина”.  На работилницата учествуваа  претставници од општините...
Објавено на 18 Јуни 2018, 09.06 од Д.Чапевски
2018-06-18-08-08-10 Македонска поезија и сатира,  создадена од делчевски автори беа претставени во Качарево, Р. Србија, во рамките на проектот на ЈЛБ „Илинден“ од Делчево  „Презентација на роднокрајни автори и...
Објавено на 13 Јуни 2018, 08.32 од Д.Чапевски
2018-06-13-07-35-33 Се чистат каналите за наводнување во делчевскиот регион. Во моментов, екипи од АД Водостопанство- Подружница Берово, работат на чистење на каналите и поставување каналетки во атарот на село Тработивиште...
Објавено на 13 Јуни 2018, 07.01 од Д.Чапевски
2018-06-13-06-06-17 Роднокрајни автори од  Делчево на 15 и 16 јуни годинава, ќе ги презентираат своите дела  во Пландиште ,Србија,во рамки на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности...
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.15 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-16-15 Најдобрите ученици од делчевските училишта кои се прогласени за првенци на генерацијата, како резултат на постигнатите успеси во учебната 2017/2018 година, ќе добиваат стипендии од Општина Делчево....
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.13 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-14-45 Советниците на својата редовна 10 Седница донесоа одлуки за определување имиња на улици во населбите „Пролет“, „Сервисна зона“ и „Ѕвегорска река“. Советниците едногласно ги прифатија имињата кои се...
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.09 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-13-17 Советниците од Советот на Општина Делчево на својата редовна седница одржана на 08.06.18 годија ја донесоа Програмата за урбана опрема на територијата на град Делчево. Целта на донесување на Програмата...
Објавено на 11 Јуни 2018, 14.15 од Д.Чапевски
2018-06-11-13-19-12 Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно...
Објавено на 06 Јуни 2018, 14.22 од В.Мицевски
2018-06-06-13-31-21 Во организација на ЈЛБ„Илинден“ в  четврток во 18,30 часот во фоајето на спомен-домот АСНОМ, ќе се одржи вечер на хумор и сатира „Малку јас, малку ти“. Со свои афоризми ќе се претстават афористичарите...
Објавено на 05 Јуни 2018, 14.35 од Д.Чапевски
2018-06-05-13-42-19 Јавните градски тоалети сместени во центарот на Делчево од неодамна се повторно во функција. За потребите на овој објект, Општина Делчево набави нови чешми, црева, цевки, беше направено комплетно...
Објавено на 05 Јуни 2018, 10.42 од Д.Чапевски
2018-06-05-09-47-47 Во ООУ „ Ванчо Прке“ денеска беше спроведена акција за симулација  и евакуација во случај на пожар, која се реализира согласно со Годишната програма на училиштето.Во акцијата беа вклучени...
Објавено на 05 Јуни 2018, 10.19 од Д.Чапевски
2018-06-05-09-20-31  Со детски песнички, тетатарска претстава и со игра, 98 дечиња од предучилишното воспитание и образование ѝ кажаа збогум на детската градинка. Директорката на детската градинка „Весели цветови“...
Објавено на 04 Јуни 2018, 10.24 од Д.Чапевски
2018-06-04-09-26-11 „Уживај во летото со мирисот на нова книга“, со оваа порака ЈЛБ„Илинден“ од Делчево ги поканува учениците и децата од предучилишна возраст да ја посетат библиотеката и да одберат добра книга и овој...
Објавено на 04 Јуни 2018, 10.11 од Д.Чапевски
2018-06-04-09-14-06 Словенечки и македонски играорци викендов во Делчево го одржаа „Концертот на пријателство“. На сцената во Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, се славеше словенечкиот фолклор интерпретиран од фолклористите...
Објавено на 04 Јуни 2018, 08.35 од Д.Чапевски
2018-06-04-07-37-28 Во присуство на Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на планината Голак, покрај стариот манастир, беше поставен и осветен камен- темелникот на новиот храм...
Објавено на 04 Јуни 2018, 08.15 од Д.Чапевски
2018-06-04-07-21-43 Десеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 08.06.2018 (пeток) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес675
mod_vvisit_counterВчера1461
mod_vvisit_counterОваа недела7565
mod_vvisit_counterПретходна недела11874
mod_vvisit_counterОвој месец31364
mod_vvisit_counterПретходен месец35461
mod_vvisit_counterВкупно2003762

Присутни online: 17
Ваша IP: 23.20.236.61
,
Денес: Јун 23, 2018