Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

100dena trajkovski

Сто дена-предизвик за поубаво Делчево

 Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на општината која ќе биде општина за сите граѓани, се дел од активностите кои ги одбележаа првите сто дена на новата локална власт во Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски. 

За градоначалникот Трајковски, овој период од три месеци даде можност да се согледа кондицијата во која се наоѓа општината од секој аспект на делување, но и да се отпочне реализацијата на дел од проектите.

- Главна цел ни е да ги подобриме услугите во нашата општина и да ја направиме поблиска до сите граѓани. Нашите врати се отворени за сите коишто имаат предлози за да направиме Општина Делчево да функционира подобро. Во овој период работиме напорно за да ги оствариме сите нови програми и планирани активности со коишто ќе го подобриме секојдневниот живот на нашите граѓани и да им понудиме подобри услови на секое поле. Вложувавме напори да ги искористиме сите ресурси за општината, да создадеме можности за вработување, но и намалување на сиромаштијата, со што би се спречила миграцијата на младите квалификувани кадри. Во Делчево постои доволно потенцијал за надминување на сите препреки и за решавање на проблемите, рече Трајковски.

Отворена и услужна општина за сите

Во првото резиме за трите месеци на новата локална власт, околу 650 граѓани биле примени од градоначалникот Трајковски, во редовниот термини за прием на странки, но и во текот на целата работна недела. Бројка која отворено зборува дека граѓаните имаат потреба да се сретнат со првиот човек на градот и лично пред него да ги искажат проблемите со кои се соочуваат. Најчесто, граѓаните барале решавање на некој инфраструктурен проблем кој со години останал нереализиран, а е во надлежност на општината. Во однос на нивните барања, преземени се соодветни мерки од надлежните одделенија во Општината, или се ставени како приоритети за решавање во наредниот период.Дел од граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик побарале и еднократна финансиска помош од Општината.

Одделенијата во ЕЛС Делчево се отвораат за директна комуникација со граѓаните, со цел поажурно исполнување на функциите на одделенијата, како обврска и вистински сервис за граѓаните. Назначените лица од сите одделенија при ЕЛС Делчево имаат директна обврска да ги сослушаат граѓаните и во рамки на своите овластувања и надлежности да постапат во насока за решавање на предметите на граѓаните во најкус можен рок, согласно со пропишаната позитивна законска регулатива.

-Реализираме поблиска комуникација и соработка на граѓаните со ЕЛС Делчево.  Со стапувањето на функцијата започнав со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација во Делчево. Како едно од клучните полиња на организациска поставеност и секојдневно функционирање, определени се термини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните, на неделно ниво, коишто се практикуваат, со цел поблиска и директна комуникација и соработка на ЕЛС Делчево и со мене, како градоначалник, рече Трајковски.

Градоначалникот Трајковски како свој приемен термин го има одредено секој работен четврток од 10:00 до 13:00 часот.

Во овој период се одобрени 15 решенија за еднократна парична помош во износ од 144.500 денари. Одобрени се 4 решенија за исплата на спортските клубови во износ од 54.000 денари, а 2 решенија за граѓански органзации во износ од 50.600 денари.

Во овие три месеци, Општина Делчево исплатила долг во висина од 587.855 денари на 13 пожарникари на кои пред 8 години им биле незаконски скратени додатоците на плата за дежурства по што вработените од ТППЕ од Делчево ја тужеа општината за нивните законски права. Градоначалникот  разговараше со сите пожарникари и 13 од нив се откажаа од каматите. Исплатата на главниот долг се одвива во две фази при што првиот дел им е исплатен пред нова година, а остатокот е во фаза на исплаќање.

На претходниот состав на делчевскиот Совет, Општина Делчево должеше 14 советнички паушали на 15 советници. Во овој период од три месеци исплатени се паушалите за 6 седници, односно од 39-44 седница, а вкупниот износ е 937.815 денари.

Исплатени се заостанати 68 стипендии, односно по 4 стипендии на 17 ученици, односно исплатани се вкупно 92.000 денари, а исплатени се и 147.000 денари за 49 новороденчиња родени во 2017 година.

Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во изминативе три месеци има донесено 48 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Извршен е упис во Агенцијата за катастар на 50 градежни објекти, склучени се договори за комуналии и издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 индивидуални објекти, а 1 на Општината кој се однесува на пешачкиот мост на река Брегалница. Извршена е 121 проценка на пазарна вредност на недвижен имот за данок на промет. Издаден е 31 извод од Урбанистички план. Издадени се 24 потврди за уличен број. Донесен е еден ДУП на дел од ценралното градско подрачје.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Февруари 2018, 13.53 од Д.Чапевски
--74---- По повод 74-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 25.02.2018. За таа цел, Општина Делчево  ги информира граѓаните на Општина...
Објавено на 16 Февруари 2018, 13.16 од Д.Чапевски
2018-02-16-12-20-24 Прв пат преку јавен повик, Општина Делчево ќе ги доделува општинските пари на спортски клубови и здруженија и на граѓански организации од Делчево. Ова е предвидено во новиот Правилник за условите,...
Објавено на 16 Февруари 2018, 11.13 од Д.Чапевски
2018-02-16-10-17-35 Роднокрајни автори од Делчево ќе ги презентираат своите дела во Пландиште, Р. Србија  во рамките на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“...
Објавено на 14 Февруари 2018, 13.11 од Д.Чапевски
2018-02-14-12-14-00 Општина Делчево го формира Локалниот совет за превенција кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини организации. Локалниот совет за превенција се...
Објавено на 13 Февруари 2018, 13.09 од Д.Чапевски
2018-02-13-12-11-16 Реконструкцијата на регионалниот патен правец село Бигла- Виница во должина од 14 км. ќе започне за две недели. Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта,...
Објавено на 13 Февруари 2018, 12.21 од Д.Чапевски
2018-02-13-11-24-11  Инфраструктурни проекти Приоритет на новата локална власт во Општина Делчево е решавање на инфраструктурните проблеми и создавање услови за реализација на проекти кои треба да донесат подобар...
Објавено на 12 Февруари 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-02-12-12-50-14 Сто дена-предизвик за поубаво Делчево  Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на...
Објавено на 09 Февруари 2018, 15.49 од Д.Чапевски
m-------------- Имплементацијата на Стратегијата на Ромите и подобрување на квалитетот на животот со посебен акцент на проблемите со домувањето на Ромите беше тема на денешната средба на градоначалникот на Општина...
Објавено на 09 Февруари 2018, 12.59 од Д.Чапевски
-800- - Во моментов, екипите на ЈПКД „Брегалница“ работат на  реконструкција на потисен цевковод од пумпа до резервоар во должина од 800 метри, досега реконструирана е водоводна линија во должина од 160...
Објавено на 08 Февруари 2018, 10.08 од Д.Чапевски
2018-02-08-09-10-02 Општина Делчево информира дека поради дефект на водоводната линија на улиците „Лика Чопова“ и „Ленинова“ во населбата Ново Делчево, денеска во периодот од 08 до 15 часот ќе има прекин во...
Објавено на 07 Февруари 2018, 12.17 од Д.Чапевски
2018-02-07-11-20-03 ЈПКД „Брегалница“ интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот. Досега е завршено чистењето на депонијата на реката Брегалница во индустрискиот дел од градот, депонијата за градежен шут...
Објавено на 06 Февруари 2018, 11.45 од Д.Чапевски
2018-02-06-10-49-16 Работната единица за развој и поттикнување на земјоделството од Делчево им соопштува на заинтересираните граѓани, посебно на земјоделците дека ќе организира едукација по јавните повици од ИПАРД 2018 и...
Објавено на 06 Февруари 2018, 11.37 од Д.Чапевски
2018-02-06-10-40-23 Во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево расте интересот кај младите за читање книги на англиски јазик. Поради овој факт, ЈЛБ „Илинден” од саемот на книгата во Софија, Р.Бугарија, набави...
Објавено на 04 Февруари 2018, 10.26 од Д.Чапевски
146--------------- Денес 04.02.2018 година се навршуваат 146 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на...
Објавено на 02 Февруари 2018, 13.24 од Д.Чапевски
2018-02-02-12-28-08 Советот на Општина Делчево донесе Правилник за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево. Со овој Правилник, кој е прв ваков документ, Општина...
Објавено на 02 Февруари 2018, 12.55 од Д.Чапевски
2018-02-02-11-57-33  Четириесет ученици од Делчево денеска се сретнаа со претседателот на македонското Собрание, Талал Џафери и остварија средба со пратеници од македонскиот парламент. Посетата е во рамките на...
Објавено на 02 Февруари 2018, 10.07 од Д.Чапевски
2018-02-02-09-13-12 Согласно Програмата за извршување на јавни работи во Општина Делчево за 2018 година, бр.08-140/1 од 30.01.2018 година, Општина Делчево објавува Јавен повик до сите заинтересирани работоспособни...
Објавено на 01 Февруари 2018, 12.58 од Д.Чапевски
-26-2- Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник...
Објавено на 31 Јануари 2018, 10.27 од Д.Чапевски
-4-  Четвртата седница на Советот на Општина Делчево се одржa на 30.01.2018 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен дневен редсо 23 точки и на самата...
Објавено на 31 Јануари 2018, 09.52 од Д.Чапевски
-176- По повод 146 годишнината од раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба - Гоце Делчев, во недела (4.2.2018 година) ќе се одржи настан за чествување на овој голем ден. Настанот ќе започне...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1100
mod_vvisit_counterВчера1605
mod_vvisit_counterОваа недела1100
mod_vvisit_counterПретходна недела12483
mod_vvisit_counterОвој месец30438
mod_vvisit_counterПретходен месец35919
mod_vvisit_counterВкупно1845727

Присутни online: 20
Ваша IP: 54.167.29.208
,
Денес: Фев 19, 2018