Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

100dena trajkovski

Сто дена-предизвик за поубаво Делчево

 Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на општината која ќе биде општина за сите граѓани, се дел од активностите кои ги одбележаа првите сто дена на новата локална власт во Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски. 

За градоначалникот Трајковски, овој период од три месеци даде можност да се согледа кондицијата во која се наоѓа општината од секој аспект на делување, но и да се отпочне реализацијата на дел од проектите.

- Главна цел ни е да ги подобриме услугите во нашата општина и да ја направиме поблиска до сите граѓани. Нашите врати се отворени за сите коишто имаат предлози за да направиме Општина Делчево да функционира подобро. Во овој период работиме напорно за да ги оствариме сите нови програми и планирани активности со коишто ќе го подобриме секојдневниот живот на нашите граѓани и да им понудиме подобри услови на секое поле. Вложувавме напори да ги искористиме сите ресурси за општината, да создадеме можности за вработување, но и намалување на сиромаштијата, со што би се спречила миграцијата на младите квалификувани кадри. Во Делчево постои доволно потенцијал за надминување на сите препреки и за решавање на проблемите, рече Трајковски.

Отворена и услужна општина за сите

Во првото резиме за трите месеци на новата локална власт, околу 650 граѓани биле примени од градоначалникот Трајковски, во редовниот термини за прием на странки, но и во текот на целата работна недела. Бројка која отворено зборува дека граѓаните имаат потреба да се сретнат со првиот човек на градот и лично пред него да ги искажат проблемите со кои се соочуваат. Најчесто, граѓаните барале решавање на некој инфраструктурен проблем кој со години останал нереализиран, а е во надлежност на општината. Во однос на нивните барања, преземени се соодветни мерки од надлежните одделенија во Општината, или се ставени како приоритети за решавање во наредниот период.Дел од граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик побарале и еднократна финансиска помош од Општината.

Одделенијата во ЕЛС Делчево се отвораат за директна комуникација со граѓаните, со цел поажурно исполнување на функциите на одделенијата, како обврска и вистински сервис за граѓаните. Назначените лица од сите одделенија при ЕЛС Делчево имаат директна обврска да ги сослушаат граѓаните и во рамки на своите овластувања и надлежности да постапат во насока за решавање на предметите на граѓаните во најкус можен рок, согласно со пропишаната позитивна законска регулатива.

-Реализираме поблиска комуникација и соработка на граѓаните со ЕЛС Делчево.  Со стапувањето на функцијата започнав со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација во Делчево. Како едно од клучните полиња на организациска поставеност и секојдневно функционирање, определени се термини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните, на неделно ниво, коишто се практикуваат, со цел поблиска и директна комуникација и соработка на ЕЛС Делчево и со мене, како градоначалник, рече Трајковски.

Градоначалникот Трајковски како свој приемен термин го има одредено секој работен четврток од 10:00 до 13:00 часот.

Во овој период се одобрени 15 решенија за еднократна парична помош во износ од 144.500 денари. Одобрени се 4 решенија за исплата на спортските клубови во износ од 54.000 денари, а 2 решенија за граѓански органзации во износ од 50.600 денари.

Во овие три месеци, Општина Делчево исплатила долг во висина од 587.855 денари на 13 пожарникари на кои пред 8 години им биле незаконски скратени додатоците на плата за дежурства по што вработените од ТППЕ од Делчево ја тужеа општината за нивните законски права. Градоначалникот  разговараше со сите пожарникари и 13 од нив се откажаа од каматите. Исплатата на главниот долг се одвива во две фази при што првиот дел им е исплатен пред нова година, а остатокот е во фаза на исплаќање.

На претходниот состав на делчевскиот Совет, Општина Делчево должеше 14 советнички паушали на 15 советници. Во овој период од три месеци исплатени се паушалите за 6 седници, односно од 39-44 седница, а вкупниот износ е 937.815 денари.

Исплатени се заостанати 68 стипендии, односно по 4 стипендии на 17 ученици, односно исплатани се вкупно 92.000 денари, а исплатени се и 147.000 денари за 49 новороденчиња родени во 2017 година.

Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во изминативе три месеци има донесено 48 решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Извршен е упис во Агенцијата за катастар на 50 градежни објекти, склучени се договори за комуналии и издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 индивидуални објекти, а 1 на Општината кој се однесува на пешачкиот мост на река Брегалница. Извршена е 121 проценка на пазарна вредност на недвижен имот за данок на промет. Издаден е 31 извод од Урбанистички план. Издадени се 24 потврди за уличен број. Донесен е еден ДУП на дел од ценралното градско подрачје.

Share/Save/Bookmark