Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

Инфраструктурни проекти

Приоритет на новата локална власт во Општина Делчево е решавање на инфраструктурните проблеми и создавање услови за реализација на проекти кои треба да донесат подобар квалитет на животот на граѓаните во општината. За реализација на оваа цел во буџетот за тековната 2018 година за капитални инвестиции во Делчево се планирани 47.792 милиони денари од основниот буџет кој е планиран во висина од 103 милиони денари, додека во вкупниот буџет кој е проектиран во висина од 275 милиони денари, износот на планирани капитални инвестици изнесува 73.123.000 денари. Во општинскиот буџет за оваа година се планирани 50% повеќе средства во споредба со лани за изработка на проекти, а значајно е што ќе се изработува и проектот за нов градски пазари проект за градска капела.

Изградба на пешачки мост на реката Брегалница-Обезбедени се средства и подготвена е целосна документација со сите согласности од надлежните институцииза изградба на првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево. Во тек е распишување на тендерот за избор на најповолен изведувач на работите по што се очекува градежните работи за изградба на пешачкиот мост да започнат оваа пролет. Средствата во висина од 6 милиони денари се обезбедени од ИПР, додека 1 милион денари ќе финансира Општина Делчево.

Пешачкиот мост е желба од граѓаните и приоритетен проект одбран на форумите на заедницата. Овој мост ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот.Покрај тоа што ќе биде и украс на градот, мостот ќе биде и доста функционаленсо што граѓаните ќе имаат подобар и пократок пристап додетската градинка, автобуската, библиотеката, училиштата, зградата на Општината, но и градскиот пазар, а ќе се растовари сегашниот мост кој е и единствен во центарот на градот и ќе се зголеми безбедноста на пешаците.

Изработка на проект за градска капела- Во месецот јануари 2018е завршен тендерот за изработка на проект за изградба на градска капела на градските гробишта во Делчево. Проектот треба да биде готов во рок од два месеци, по што се очекува оваа пролет да  започнат градежните работи за изградба на градската капела, која беше еден од приоритетите на граѓаните одбрани на форумите на заедницата. Вкупната вредност на проектот е 5, 5 милиони денари. Дел од средствата се обезбедени преку грант од Светска банка, а дел Општина Делчево.

Изработка на проекти за одделување на фекалната од атмосферската канализација во населби во Делчево- Изработка на техничка документација за одделување на фекалната од амосферската канализација цо населбите Ново Делчево, СРЦ, Шумски Расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализацијана улицата „Орце Нколов“ и изградба на глаен колектор од СРЦ и Шумски Расадник. Исто така, подготвен е проект „Одделување на фекалната од атмосферската канализација на Милково Брдо дел 2. За двата проекти обезбеден е грант во висина од 393.000 евра преку Министерството за транспорт и врски, а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка.

  

Изработка на техничка документација за доградба на детската градинка „Весели цветови“-Добиен е проект за изработка на техничка документација за детската градинка. Проектот е аплициран и обезбедени се средства од Бирото за регионален развој преку ИПР. Во декември 2017 е аплицирано до МТСП за доизградба на 4 занимални во детската градинка„Весели цветови“, вредноста на проектот е 300.000 евра .

Енергетски ефикасно јавно осветлување-  Во завршна фаза е замената на постојните улични живини светилки со штедливи светилки. Досега се заменети 600 улични светилки со ЛЕД- диоди, а во тек е поставување на преостанатите 160 штедливи ЛЕД- диоди.  Заменета е завршена на булевар „Македонија” во централното градско подрачје, на улица „М.М.Брицо“ и на улица „Маршал Тито“.Во рамките на проектот, предвидена е инсталација на вкупно 760 штедливи ЛЕД диоди во 7 села (Габрово, Вирче, Град, Стамер, Разловци, Звегор, Тработивиште) и градот Делчево, (населба Ново Делчево- „Орце Николов“, „Кеј на ослободување“, „Скопска“, населба Прв Реон- „Голачка“, „Солунска“, населба Втор Реон- Брегалничка“, „Ванчо Прке“, населба Трет Реон- „Острец“, населба Стар Расадник- „К.Ј.Питу“, „Видео Смислевски-Бато“, „Кеј на Брегалница“, населба Милково Брдо- улица „Браќа Миладинови“, „Вера Јоциќ“, Вељко Влаховиќ“, Питу Гули“,„Кирил и Методиј“ и „Ѓорче Петров“. Проектот треба да заврши до октомври оваа година, а со реализацијата на овој проект, јавното осветлување на општина Делчево ќе биде целосно енергетски ефикасно што ќе донесе големи заштеди на енергија. Замената на живините улични светилки со штедливи ЛЕД- диоди е во рамките на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград – Делчево” партнерски проект помеѓу Општина Делчево и Општина Благоевград. Проектот е кофинансиран од ЕУ. ( 85% од ЕУ и 15% од Владата на Република Македонија). Буџет – 190 665 ЕУР.

Асфалтирање улици во Делчево - Во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, заврши асфалтирањето на најфреквентната улица во Делчево „Светозар Марковиќ“ во должина од 540 метри. Освен оваа улица, во рамките на проектот е планирана изградба на три улици, а вкупниот проект кој е во износ од 260 илјади евра е финансиран со грант од ЕУ преку ИПА- претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка преку Министерството за финансии. Во вкупната сума учествува и државата со 65 илјади евра и општината со 31 илјада евра. Претходно беше реконструирана улицата „Питу Гули“ во населбата Милково Брдо во должина од 380 метри, а овде во тек е изградба на тротоари. Исто така, во должина на околу 300 метри ќе се врши и реконструкција на улицата во центарот на Делчево, „ Маршал Тито“, која ќе опфати и изградба на атмосферската канализација. Стартот на градежните работи на оваа улица ќе зависи од временските услови, а крајниот рок за финализирање на вкупниот проект е јуни оваа година.

Чистење на дивите депонии - Во соработка со ЈПКД „Брегалница“ од Делчево интензивно се работи на чистење на дивите депонии во градот и поблиската околина. Лоцирани се 6 диви депонии, а акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат. Депонијата кај мостот на р. Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чукаи ендекот Грозданец се веќе исчистени. Доколку дозволат временските услови, овој период ќе се чистат депониите кај Попов мост, кај манастирот „Св. Богородца Балаклија“, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да се користи и соодветна механизација, а отпадот потоа се транспортира и се депонира на главната депонија.

Отпочнување на проектот за изградба на филтер-станица на браната Лошана - Изградбата на прочистителната станица е втор капитален проект во Делчево во последните 10 години. Хидроакумулацијата Лошана беше изградена во 2008 година при што беше решен проблемот со недостигот на вода за пиење на градот Делчево и неколку населени места во општината. Проектот за изградба на филтер -станицата на браната е со вкупна вредност од 7, 5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министерството за животна средина со 1, 4 милиони швајцарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци. Со иградбата на овој капитален проект ќе се обезбеди чиста вода за пиење, ќе се реши и недостигот на вода, а Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.Со имплементацијата на проектот планрано е да се започне од јуни оваа година.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...
Објавено на 20 Август 2019, 08.15 од Д.Чапевски
-7- Денес имаме убави вести за Општина Делчево од Министерството за Финансии , ќе се реконструираат улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и улица 7 во населба СРЦ Денеска во Министерството за финансии со...
Објавено на 16 Август 2019, 08.23 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-26-49 Започнуваат градежните работи за рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево со што, конечно, државниот пат А3 кој поминува низ Делчево, ќе добие лик на современа сообраќајница,...
Објавено на 09 Август 2019, 22.49 од Д.Чапевски
2019-08-09-22-15-05 Илјадници гости дел од спектакуларниот концерт на незаменливата Данијела Мартиновиќ и на предгрупите Дикато бенд и Троја бенд. Крајот на забавата го означија делчевците од The...
Објавено на 09 Август 2019, 14.14 од Д.Чапевски
2019-08-09-13-17-34   Ѕвездата на вечерта, Данијела Мартиновиќ, пристигна во Делчево. Првата средба ја имаше со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која Трајковски ја запозна гостинката со спецификите на...
Објавено на 09 Август 2019, 12.52 од Д.Чапевски
-3- Изведувачот ГРАНИТ АД Скопје на ден 12.08.2019 година (понеделник) ќе започне со изведување градежни работи во рамки на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево,...
Објавено на 09 Август 2019, 06.52 од Д.Чапевски
2019-08-09-06-19-20   Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај...
Објавено на 08 Август 2019, 14.06 од Д.Чапевски
-20192020 Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“...
Објавено на 07 Август 2019, 16.36 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-40-02 Со цел поголема безбедност во сообраќајот во Делчево и на Голак, а во пресрет на централните настани од манифестацијата „Делчевско лето 2019“ кога се очекуваат поголем број гости, денеска претставници...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1543
mod_vvisit_counterВчера2242
mod_vvisit_counterОваа недела1543
mod_vvisit_counterПретходна недела14911
mod_vvisit_counterОвој месец31238
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2932514

Присутни online: 29
Ваша IP: 34.237.76.91
,
Денес: Сеп 15, 2019