Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

jlbilinden

Роднокрајни автори од Делчево ќе ги презентираат своите дела во Пландиште, Р. Србија  во рамките на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“ на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево. Проектот годинава е поддржан од Министерството за култура со  50 илјади денари,  а за негова реализација со сопствени средства ќе учествува и библиотеката, истакна директорката Билјана Петровска.

-За нас овој проект е доста значаен, бидејќи се отвора голема можност за промоција на роднокрајните делчевски автори надвор од Македонија и тоа во единствената општина во соседна Србија, каде македонскиот јазик е признат за службен јазик. Пландиште е мала општина во Војводина на границата со Романија, а според проектот, роднокрајни автори од Делчево ќе престојуваат во Пландиште во првата половина од годината,а во втората половина од годината роднокрајните автори од Делчево ќе бидат домаќини и ќе овозможат презентација на творештвото на роднокрајните автори од Пландиште,Р.Србија, истакна Петровска.

Таа додаде дека соработката со Пландиште започнала минатата година, кога делчевската библиотека подари книги од македонски автори на Националниот совет на Македонците во Србија.

Инаку, за прв пат по повеќе од 6 години, делчевската библиотека добива поддршка од Министерството за реализација на вакви меѓународни проекти. Претходно, слична соработка имаше и со Ќустендил и Благовеград соседна Бугарија. 

Share/Save/Bookmark