Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0004_resize

Прв пат преку јавен повик, Општина Делчево ќе ги доделува општинските пари на спортски клубови и здруженија и на граѓански организации од Делчево. Ова е предвидено во новиот Правилник за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови и здруженија, здруженија на граѓани и фондови кој денеска беше ставен на увид на активните претставници на нво-секторот во Делчево. Во рамките на работниот состанок беше разговарано за предвидените критериуми, условите кои се предвидени во новиот Правилник, средствата, а плодната дискусија и забелешките на претставниците на граѓанските здруженија од денешниот состанок ќе бидат доставени до општината.

 Тони Стоименовски советник во ЛЕР во Општина Делчево истакна дека со овој чин се гради партнерски однос со НВО- сектор, но и се овозможува транспарентна постапка за доделување на средствата на НВО- сектор.

-       На иницијатива на НВО-сектор и на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изработивме Правилник во кој се предвидени условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортските клубови и здруженија, како и здруженијата на граѓани и фондации. За прв пат, Општина Делчево ќе објавува јавен повик преку кој и почитувајќи ги критериумите на кои работиме, ќе се доделуваат средства. Останува засега, НВО-сектор да ги достави до нас забелешките на предлог-правилникот, рече Стоименовски.

Правилникот предвидува Општината во почетокот на календарската година (од јануари до март) во тековната година, да објавува јавен повик за доделување финансиска помош на здруженија и фондации. Финансиска помош од Буџетот на Општина Делчево се доделува на  здруженија на граѓани и фондации за проектни и програмски активности  кои придонесуваат за постигнување на целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на општината.

Приоритетните области и цели за финансирање на проектните и програмските активности се локалниот економски развој, техниката, образованието, културата,  уметноста, социјалната заштитаи заштита на животната средина.На јавниот повик можат да се пријават сите здруженија на граѓани и фондации кои се кои се регистрирани и дејствуваат на територија на Општина Делчево најмалку 2 години пред објавувањето на повикот.

Во општинскиот буџет се предвидени 1, 6 милиони денари. За прв пат оваа година е поделен износот на средствата кои ќе се доделуваат на спортски клубови и здруженија и на здруженија на граѓани и фондации. За спортските клубови се предвидени 900.000 денари, додека за граѓанските 700.000 денари.

DSC 0005_resize

Share/Save/Bookmark