Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Петтата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 23.02.2018 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.

За седницата e предложен предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записникот од Четвртата седница

1.Предлог-Одлука за приоритетен предлог проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
2.Предлог-Одлука за финансиско учество во проект и давање на приоритетен предлог проект по Прогармата за развој на селата за 2018 година;

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.

3.Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и фонадации; (материјалот ќе ви биде доставен дополнително);
4.Предлог-Правилник за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување на еднократна парична помош;

Oбразлагач: Ивана Ивановска-Помлад соработник за нормативно-правни работи.

5.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2017 година, за квартал 3, со Заклучок за усвојување;
6. Предлог-Одлука за вршење на траен отпис на даночна обврска-комунална такса за истакната фирма во општина Делчево;
7.Предлог-Одлука за вршење на отпис на побарување од купувачи;
8.Предлог-Одлука за вршење на отпис на обврски спрема добавувачи;
9.Предлог-Одлука за вршење на отпис на  застарени обврски спрема добавувачи;

Образлагач:По точките 5,6,7,8 и 9-Анка Христова-Раководител на Одделението за финансирање и буџет.

10. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на Полициска станица од општа надлежност Делчево.

11.Предлог-Решение за именување на членови на Комисијата за доделување на награди и признанија на општина Делчево;

Образлагач: Сузана Петровска-Ракоодител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

12. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат помошен објект по барање на Анка Костадиновска;
13. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат помошен објект по барање на Санде Мирчевски;
14.Предлог-Одлука за за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат станбена куќа по барање на Атанас Узунски;
15. .Предлог-Одлука за за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат викенд куќа по барање на Магда Атанасова;
16. Предлог-Одлука за за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат доградба на станбена куќа по барање на Атанас Узунски;
17.Предлог-Одлука на Урбанистичко проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција (каблирање) на надземен ДВ 10 кв извод „Хотел“ изградба на 10(20) КВ кабелски вод на делница „ТС Хотел-ТС Чимеви Бавчи“-Делчево;
18.Предлог-Одлука за изработка на Урбанистичко-проектна документација-Фекална канализација која поминува низ дел од населба „Басарица“ и дел од постојната населба покрај локалниот пат Л-2 од Делчево-с.Киселица-с.Вратиславци во Делчево;
19.Предлог-Одлука за изработка на урбанистичко-проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција (каблирање) на надземен ДВ 10 кв „Ново Делчево“-ул. „Пере Тошев“-Делчево;
20. Предлог-Одлука на Урбанистичко проектна документација-Проект за инфраструктура за реконструкција (каблирање) на надземен ДВ 10 кв извод „Хотел“ изградба на 10(20) КВ кабелски вод на делница „ТС Стара Кожара“-ТС Културен дом, столб пред р.Бреагланица-Делчево;

 Образлагач: По точките 12 до 20- Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам.

21.Годишен извештаj за спроведување на Програмата за јавна чистота во општина Делчево за 2017 година со Заклучок за усвојување;
22.Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за управување со отпад во општина Делчево за 2017 година со Заклучок за усвојување;
23.Програма за одржување на јавна чистота во Општина Делчево за 2018 година.

Образлагач: По точките 21,22 и 23- Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животна средина.

24.Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈЛБ „Илинден“-Делчево бр.02-18/2 од 12.02.2018 година.

Образлагач: Биљана Петровска-ВД Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

25.Полугодишен извшетај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2017/2018 со Заклучок за усвојување.

Образлагач: Горан Димитровски-ВД Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Број 09-294/1
16.02.2018 година
Делчево 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски

Share/Save/Bookmark