Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Од стартот на законските измени за продолжување на рокот за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, во Општина Делчево до денеска се примени 73 барања за легализација.

 -Најчесто станува збор за легализација на помошни објекти, гаражи, викенд куќи, но и објекти за семејно домување. Граѓаните кои сакаат да го искористат продолжениот рок, потребно е освен барање за легализација да достават и доказ дека објектот е приклучен на комунална инфраструктура,  односно сметка од струја или вода постари од 3 март 2011 година. Исто така, уверение за државјанство или копија од лична карта, геодетски елаборат и админситративна такса од 300 денари.Документите се поднесуваат во архивата на Општина Делчево, истакна Татјана Стојковска од Одделението за урбанизам во Општина Делчево.

 Инаку, досега до Општина Делчево се поднесени 3437 барања, а од нив позитивно се решени околу 1500 барања за легализација додека околу 900 барања кои се поднесени од 2011год. се одбиени поради недоставени елаборати за кои крајниот рок за доставување беше 31.12.2016 год. Барателите кои доставиле барања за легализација од декември 2015 до март 2016 год. а немаат доставено елаборат, потребно е тоа да го направат најдоцна до 30.06.2018год.

 Од Одделението за урбанизам во Општина Делчево ги информираат граѓаните дека согласно со законските измени кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, се дава нов рок за поднесување барања за легализација и за достава на елаборати, но имотен лист ќе можат да добијат само објектите кои се целосно изградени до 3 март 2011 година

-Согласно со Измените на Законот предвидено е граѓаните кои не поднеле барање за легализација за објекти кои се изградени пред март 2011 година, тоа можат да го сторат во периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година, истакна Стојковска.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-05-24-08-43-12 Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, денеска во крстилницата...
Објавено на 22 Мај 2018, 07.00 од Д.Чапевски
-27- Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е...
Објавено на 21 Мај 2018, 10.55 од Д.Чапевски
----24-----------24--------- Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод,...
Објавено на 21 Мај 2018, 08.29 од Д.Чапевски
-142-  Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот...
Објавено на 18 Мај 2018, 19.09 од Д.Чапевски
2018-05-18-18-20-48 Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во...
Објавено на 18 Мај 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-05-18-11-00-31 Построени и достоинствени, денеска пожарникарите поднесоа рапорт на градоначалникот Трајковски во рамките на церемонијалниот дел од одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај во ТППЕ...
Објавено на 17 Мај 2018, 07.27 од Д.Чапевски
2018-05-17-06-36-30 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со...
Објавено на 16 Мај 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-05-16-12-56-07 Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на улиците низ градот Делчево. Самото обележување на хоризонталната сигнализација спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се...
Објавено на 15 Мај 2018, 12.07 од Д.Чапевски
2018-05-15-11-10-22 Почнаа градежните работи на улицата „Маршал Тито“ во центарот на градот. Реконструкцијата ќе ја опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“, односно...
Објавено на 14 Мај 2018, 09.14 од Д.Чапевски
2018-05-14-08-20-43   По налог на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, екипи на ЈПКД „Брегалница“  ја исчистија депонијата за градежен шут Ралова Чука која се наоѓа непосредно до влезот на градот...
Објавено на 14 Мај 2018, 08.54 од Д.Чапевски
-142- Општина Делчево со посебна чест и задоволство Ве поканува на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 142 години од Разловечкото востание.По тој повод, на 20 мај во...
Објавено на 11 Мај 2018, 10.53 од Д.Чапевски
2018-05-11-09-55-53 Изведувачот на работите „Реконструкција на дел од улица Маршал Тито“ во Делчево, „ЕСКАВАТОРИ – МК“ СКОПЈЕ, на ден 14.05.2018 ќе започне со изведување градежни работи на дел од улицата „Маршал Тито“ во...
Објавено на 10 Мај 2018, 15.23 од Д.Чапевски
2018-05-14-06-26-43 Минатата година на територијата на општина Делчево се случиле 37 пожари од кои 9 шумски, 16 на отворен простор, при што изгорела 157.1 ха шума, 78.3  ха сува трева и пасишта и 14.904 м3 дрвна маса....
Објавено на 10 Мај 2018, 14.02 од Д.Чапевски
2018-05-10-13-04-16 Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица денеска се одржуваат регионални натпревари за „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите 2018“ каде учество ќе земат екипи од...
Објавено на 09 Мај 2018, 12.04 од Д.Чапевски
2018-05-09-11-13-52 Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа...
Објавено на 09 Мај 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-05-09-10-42-47 Советниците го избраа новиот состав на Советот на млади на Општина Делчево. Ова младинско советодавно тело кое се формира со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општината.  За...
Објавено на 08 Мај 2018, 13.20 од В.Мицевски
-7- Најдобар полициски служебник во општина Делчево е Лилјана Даневска- Богдановска. Таа ја доби традиционалната награда од Општина Делчево која се доделува по повод 7 Мај, Денот на македонската полиција....
Објавено на 08 Мај 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-05-08-11-38-30 На Деветтата редовна седница, делчевските советници едногласно ги донесоа одлуките за  утврдување приоритетни проекти со кои Општина Делчево и трите образовни институции во градот, аплицираат по...
Објавено на 05 Мај 2018, 07.53 од Д.Чапевски
2018-05-05-07-01-10  Вработените во Општина Делчево  денеска се вклучија во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС. Акцијата се спроведува во сите општини во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес994
mod_vvisit_counterВчера863
mod_vvisit_counterОваа недела5394
mod_vvisit_counterПретходна недела7733
mod_vvisit_counterОвој месец28556
mod_vvisit_counterПретходен месец43618
mod_vvisit_counterВкупно1964562

Присутни online: 21
Ваша IP: 54.166.245.10
,
Денес: Мај 25, 2018