Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Од стартот на законските измени за продолжување на рокот за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, во Општина Делчево до денеска се примени 73 барања за легализација.

 -Најчесто станува збор за легализација на помошни објекти, гаражи, викенд куќи, но и објекти за семејно домување. Граѓаните кои сакаат да го искористат продолжениот рок, потребно е освен барање за легализација да достават и доказ дека објектот е приклучен на комунална инфраструктура,  односно сметка од струја или вода постари од 3 март 2011 година. Исто така, уверение за државјанство или копија од лична карта, геодетски елаборат и админситративна такса од 300 денари.Документите се поднесуваат во архивата на Општина Делчево, истакна Татјана Стојковска од Одделението за урбанизам во Општина Делчево.

 Инаку, досега до Општина Делчево се поднесени 3437 барања, а од нив позитивно се решени околу 1500 барања за легализација додека околу 900 барања кои се поднесени од 2011год. се одбиени поради недоставени елаборати за кои крајниот рок за доставување беше 31.12.2016 год. Барателите кои доставиле барања за легализација од декември 2015 до март 2016 год. а немаат доставено елаборат, потребно е тоа да го направат најдоцна до 30.06.2018год.

 Од Одделението за урбанизам во Општина Делчево ги информираат граѓаните дека согласно со законските измени кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, се дава нов рок за поднесување барања за легализација и за достава на елаборати, но имотен лист ќе можат да добијат само објектите кои се целосно изградени до 3 март 2011 година

-Согласно со Измените на Законот предвидено е граѓаните кои не поднеле барање за легализација за објекти кои се изградени пред март 2011 година, тоа можат да го сторат во периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година, истакна Стојковска.

Share/Save/Bookmark