Понеделник, 26 Февруари 2018 12:26
Интензивно се работи на расчистување на снегот и мразот по улиците и тротоарите во градот Делчево. Според информацијата од ЈПКД „Брегалница“ чистењето на тротоарите кое е нивна надлежост е во тек, за што е обезбедно и 2 тони сол. Исто така, со машина за чистење снег ќе се чистат и јавните паркинзи во градот.Од ЈПКД „Брегалница“ апелираат до граѓаните и до фирмите да си ги исчистат приодите до нивните објекти кое е нивна надлежност.
Фирмата „СД Транс“ од Делчево е надлежна за чистење на снегот на локалните патишта и улици во градот согласно со Планот за зимско одржување на патишта и улици. Како што истакнуваат од „СД Транс“ во моментов се фрла сол и ризла по улиците кои се определени по приоритети согласно со Планот за зимско одржување на патишта.
Според Планот, во првата приоритетна фаза предвидено е да се чистат улиците „Голачка“, „Ванчо Прке“, „Острец“, „Питу Гули“, „Пере Тошев“ , „Кузман Јосифовски- Питу“, како и „Маршал Тито“. Од селските населби во првата фаза се чистат општинските патишта до Стамер, Град, Вирче, Стар Истевник, Ветрен и Драмче.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.