Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

mrdni2 resize

Во Делчево викендов, делчевските играорци од КУД „Гоце Делчев“ ја спроведеоа првата акција во рамките на кампањата „Мрдни со прст за почисто Делчево“. Под мотото „Играорци во акција“ беше извршено бојадисување на летната сцена во боите на македонското знаме, чистење на градскиот парк и кејот на реката Брегалница.  Зенил Реџепов, раководител на КУД „Гоце Делчев“ истакна дека  играорците се во акција за поубаво Делчево.

-Кампањата „Мрдни со прст ти си на потег“ ни ја даде идејата да го подобриме изгледот на летната сцена. Во партнерство со Општина Делчево и Ромскиот едукативен центар, аплициравме на повикот на НВО КХАМ која ја имплементира кампањата и еве денеска заедно сите 150 играорци ја бојадисуваме летната сцена во знакот на македонското знаме, црвено и жолто. Летната сцена е гордост на Делчево и овде во текот на целата година се организираат најразлични настани. Исто така, во рамките на акцијата ќе го исчистиме градскиот парк и сакаме да го разубавиме нашиот град. Со ова покажуваме дека нам не ни е приоритет само играњето и негувањето на традицијата, туку и знаеме и сакаме да работиме за поубаво Делчево, па ги повикувамее сите во акција и сите нека мрднат со прст и нека помогнат за поубаво Делчево, рече Реџепов.

Оваа акција е прва реализирана во рамките на повикот од кампањата „Мрдни со прст, ти си на потег“ која ја имплементира НВО КХАМ од Делчево.

-Досега во рамките на повикот се стигнати 34 апликации од сите 6 општини од регионот, активно и секојдневно работиме на подобрување и унапредување на поректите и оние кои мислиме дека имаат реална потреба за реализација и се одржливи ќе бидат поддржани со мали грантови во материјали од 75 .000 денари.Ние се стремиме да истакнеме акции кои придонесуваат кон зајакната и активна заедница, инклузивно општество, заедница која се грижи и работиу кон подобрување на средината во која живее, рече Ромина Кајтазова од НВО КХАМ.

Градоначалникот Горан Трајковски ги повика граѓаните, институциите , формалните и неформалните групи да ги користат овие можности, да се активираат и да дадат придонес во решавањето на одредени локални проблеми.

Кампањата „ Мрдни со прст“ се спроведува во Делчево, Пехчево, Берово, М. Каменица, Виница, Кочани.

mrdni1 resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Јули 2019, 12.30 од Д.Чапевски
ambasadorka   Увид во функционирањето на медицинската опрема обезбедена од Јапонската амбасада денеска направи амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и државниот секретар во Министерството за здравство,...
Објавено на 19 Јули 2019, 08.16 од Д.Чапевски
2019-07-19-07-18-28   Во киносалата во Делчево синоќа се одржа концерт на добро познатиот композитор и музичар од Делчево, Дејан Ѓеоргиевски- Ѕене и Елена Трајанова, одличен вокал и музички педагог. Ѕене е добро...
Објавено на 18 Јули 2019, 14.17 од Д.Чапевски
2019-07-18-13-18-22 Со средства од Програмата за  финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за финансирање во 2019 година, Општина Делчево ќе ја заокружи изградбата на локалниот пат...
Објавено на 18 Јули 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-07-18-12-58-37  Општина Делчево во соработка со Регионалниот центар за застапување од Делчево започна процес на изработка на стратешки документ за надворешна комуникација. На денешната работилница на која...
Објавено на 18 Јули 2019, 10.23 од Д.Чапевски
2019-07-18-09-25-37  Музиката од локалните бендови интерпретирана во рамките на првата вечер наменета за локални бендови и оркестри ги измами синоќа делчевци во центарот на градот. На сцената настапија „Универзал...
Објавено на 17 Јули 2019, 11.06 од Д.Чапевски
2019-07-17-10-07-57 Најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија денеска заминаа на патување низ Европа како награда за постигнатиот успех обезбедена од Општина Делчево. Наградените ученици од СОУ „Методи Митевски...
Објавено на 16 Јули 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-07-16-12-49-28 Делчевци од денеска ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ. Оваа Одлука ја донесоа делчевските советници на редовната 27...
Објавено на 16 Јули 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-07-16-11-11-19   Општина Делчево деновиве интензивно работи на поставување хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во градот кои беа реконструирани претходниот период. Обележувањето и означувањето...
Објавено на 16 Јули 2019, 11.45 од Д.Чапевски
2019-07-16-10-47-09 Делчевци ќе имаат можност да уживаат во музиката интерпретирана од бендови кои работат во Делчево во рамките на двете музички вечери посветени на оркестри и музички групи, а со цел нивна...
Објавено на 12 Јули 2019, 10.12 од Д.Чапевски
a-a--------- Општина Делчево отвори сметкa на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Донации можат да уплаќаат и правни и физички лица.  Фирмите,...
Објавено на 11 Јули 2019, 14.01 од Д.Чапевски
2019-07-11-13-15-20   Со прочистување на земјените поатишта во атарот на селото Разловци започна годинешната активност за прочистување и порамнување на земјените коловози и  прочистиување на канавките за...
Објавено на 10 Јули 2019, 13.30 од Д.Чапевски
-11072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден 11.07.2019 година (четврток), со почеток од 21 часот ќе врши теристичка (од земја) дезинсекција (прскање против комарци) на територијата на...
Објавено на 05 Јули 2019, 09.20 од Д.Чапевски
2019-07-05-08-22-40 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден петок 05.07.2019 г. во 19:00 ч и сабота 06.07.2019г. во 19:00 ч ќе се врши обележување на дел од улица „Маршал Тито“ со хоризонатална и вертикална...
Објавено на 04 Јули 2019, 12.41 од Д.Чапевски
2019-07-04-11-47-51  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на нова дренажа со која ќе се обезбеди поголем доток на вода во водоснабдителниот систем во село Разловци. Со градежна и друга...
Објавено на 03 Јули 2019, 11.10 од Д.Чапевски
----------2019- Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за...
Објавено на 03 Јули 2019, 08.54 од Д.Чапевски
-26- 26. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 08.07.2019 година (понеделник) во 14.30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 02 Јули 2019, 10.29 од Д.Чапевски
2019-07-02-09-30-42 Деновиве ќе започне изградбата на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната како Станбената...
Објавено на 01 Јули 2019, 12.07 од Д.Чапевски
2019-07-01-11-08-35   Стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје, Кочани, Пе Делчево, ЈПКД „Брегалница“ од Делчево и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево денеска извршија...
Објавено на 01 Јули 2019, 08.17 од Д.Чапевски
-2019 Со промоција на дебитантскиот краток роман „Бдеењето над себе“ од младата делчевка Дијана Петрова што ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во фоајето на Спомен-домот „АСНОМ“, започнува Делчевското...
Објавено на 01 Јули 2019, 08.12 од Д.Чапевски
2019-07-01-07-15-09 Советот на млади на Општина Делчево и ова летоќе организира ноќен турнир во баскет кој ќе се одржи кон во втората половина на овој месец. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани екипи да се...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2173
mod_vvisit_counterВчера2601
mod_vvisit_counterОваа недела11118
mod_vvisit_counterПретходна недела8534
mod_vvisit_counterОвој месец35304
mod_vvisit_counterПретходен месец72580
mod_vvisit_counterВкупно2812879

Присутни online: 34
Ваша IP: 54.161.118.57
,
Денес: Јул 19, 2019