Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

mrdni2 resize

Во Делчево викендов, делчевските играорци од КУД „Гоце Делчев“ ја спроведеоа првата акција во рамките на кампањата „Мрдни со прст за почисто Делчево“. Под мотото „Играорци во акција“ беше извршено бојадисување на летната сцена во боите на македонското знаме, чистење на градскиот парк и кејот на реката Брегалница.  Зенил Реџепов, раководител на КУД „Гоце Делчев“ истакна дека  играорците се во акција за поубаво Делчево.

-Кампањата „Мрдни со прст ти си на потег“ ни ја даде идејата да го подобриме изгледот на летната сцена. Во партнерство со Општина Делчево и Ромскиот едукативен центар, аплициравме на повикот на НВО КХАМ која ја имплементира кампањата и еве денеска заедно сите 150 играорци ја бојадисуваме летната сцена во знакот на македонското знаме, црвено и жолто. Летната сцена е гордост на Делчево и овде во текот на целата година се организираат најразлични настани. Исто така, во рамките на акцијата ќе го исчистиме градскиот парк и сакаме да го разубавиме нашиот град. Со ова покажуваме дека нам не ни е приоритет само играњето и негувањето на традицијата, туку и знаеме и сакаме да работиме за поубаво Делчево, па ги повикувамее сите во акција и сите нека мрднат со прст и нека помогнат за поубаво Делчево, рече Реџепов.

Оваа акција е прва реализирана во рамките на повикот од кампањата „Мрдни со прст, ти си на потег“ која ја имплементира НВО КХАМ од Делчево.

-Досега во рамките на повикот се стигнати 34 апликации од сите 6 општини од регионот, активно и секојдневно работиме на подобрување и унапредување на поректите и оние кои мислиме дека имаат реална потреба за реализација и се одржливи ќе бидат поддржани со мали грантови во материјали од 75 .000 денари.Ние се стремиме да истакнеме акции кои придонесуваат кон зајакната и активна заедница, инклузивно општество, заедница која се грижи и работиу кон подобрување на средината во која живее, рече Ромина Кајтазова од НВО КХАМ.

Градоначалникот Горан Трајковски ги повика граѓаните, институциите , формалните и неформалните групи да ги користат овие можности, да се активираат и да дадат придонес во решавањето на одредени локални проблеми.

Кампањата „ Мрдни со прст“ се спроведува во Делчево, Пехчево, Берово, М. Каменица, Виница, Кочани.

mrdni1 resize

Share/Save/Bookmark