Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0004_resize

Пред претставници на десетина активни спортски клубови во општина Делчево беше презентиран новиот Правилник за условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на спортски клубови и здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани. На работниот состанок беше истакнато задоволството од транспарентната постапка на Општина Делчево која прв пат им дава рамноправен третман на сите спортски клубови со цел да се промовира спортот како начин на живеење на младите и да се создадат услови за развој на спортот во Делчево.
Ванчо Новоселски советник за образование, спорт и култура во Општина Делчево истакна дека целта на градоначалникот Трајковски и на Општина Делчево е финансиските средства да се распределат според потребите на клубовите, да се поддржи нивниот развој, а не како досега да се фаворизираат одредени клубови.
Прв пат преку јавен повик, Општина Делчево ќе ги доделува општинските пари на спортски клубови и здруженија и на граѓански организации од Делчево, а колку средства ќе добиваат клубовите ќе одлучува Комисијата за спорт формирана од Советот на Општина Делчево која ќе ги разгледува пријавите стигнати на јавен оглас, а ќе се одлучува согласно со критериумите.  Најголемата предвидена сума која може да му следува на еден спортски субјект ќе изнесува 300.000 денари. Инаку, за поддршка на спортските клубови во буџетот на Општина Делчево се предвидени 900.000 денари. 
DSC 0005_resize
Share/Save/Bookmark