Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0016_resize

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ја потпиша Европската повелба за еднаквост помеѓу жените и мажите во локалните заедници. Оваа повелба е иницијатива на Советот на европските локални и регионални власти подржана од ЗЕЛС со што Општина Делчево се запиша во семејството на 1450 потписнички од 33 европски земји поддржана од ЗЕЛС.
Чинот на потпишување на Повелбата се случи на денешниот работен состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Трајковски, а на која присуствуваа претставниците на женските активи при политичките партии кои функционираат во општината, членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, жените членки на Советот на Општината, пратенички во Собрание на РМ, жени пензионерки. На средбата беа истакнати и проблемите и потребите кои ги имаат жените во општината со цел да се предвидат идните активности кои ќе придонесат за поинтензивно учество на жените во развојот и унапредувањето на локалните правила на управување, а се со со цел подигнување на положбата на жената во нашата општина на едно повисоко ниво.
DSC 0009_resize

 Градоначалникот Трајковски истакна дека еднаквоста меѓу мажите и жените претставува основно право за сите и суштинска вредност за секоја демократија.
-Со потпишувањето на Европската повелба за рамноправност на жените и мажите, формално и јавно се обврзуваме на принципот на еднаквост на мажите и жените, да ги имплементираме во рамките на нашата територија обврските утврдени со Повелбата со која европските локални и регионални власти се обврзуваат, користејќи ги своите потенцијали и партнерства, да остварат поголема еднаквост помеѓу луѓето. Тоа е практичен документ, бидејќи не само што ги пртетставува основните права, туку дава и конкретни методи кои може да бидат остварени во различни области од надлежност на локалната власт, истакна Трајковски.
Повелбата е преведена на 28 јазиици, и таа е единствен документ воспоставен во тесна соработка со националните асоцијации на Советот на европски општини и региони. Јулијана Крстева претседател на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево истакна дека еден од приоритетите на КЕМ е токму денешниов настан-потпишување на Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници.
- Ја користам оваа прилика да му оддадам признание и во Ваше име да се заблагиодарам на градоначалникот Трајковски кој отворено застана во заштита на правата на жените и со овој денешен чин, ја смести Општина Делчево во семејството на 1450 потписнички на оваа Повелба која има историско значење за нас жените. Од голема важност е потпишувањето на Европската повелба денес,но уште поважно  е понатаму општината да ги имплементира принципите  и правилата за еднаквост во сите институции и организации на својата територија.Едно општество не може да напредува доколку жените во него се обесправени и пасивни, истакна Крстева.
DSC 0001_resize DSC 0002_resize
На средбата беше формиран и иницијативен одбор за формирање на Организација на жени на ниво на Општина Делчево која ќе биде натпартиска и ќе ги обединува сите жени без поделби грижејќи се единствено за можностите за напредок на статусот на жената во општината и преземјаќи иницијативи за намалување на родовиот јаз во општеството.
Со воведување на квотите од 40% учество на помалку застапениот пол на листите за пратеници и членови на советот, значително се зголеми бројот на жени во Парламентот и советите на општините. Во Делчево бројот на жени во управувачките органи на локалните институции е 21 жени наспроти 8 мажи. На раководни функции во општинските институции се назначени 3 жени наспроти 4 мажи.
DSC 0003_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Април 2019, 06.53 од Д.Чапевски
-22- 22. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 30.04.2019 година (вторник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 23 Април 2019, 14.11 од Д.Чапевски
2019-04-23-13-14-36 Со пригодна свеченост, доделување на наградите на највредните читатели и на најдобрите млади автори, делчевската Јавна библиотека го одбележа Светскиот ден на книгата 23 Април. Директорката на ЈЛБ...
Објавено на 23 Април 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-04-23-09-08-11 Започна поплочувањето со бехатон плочи на улицата во изградба која води кон резервоарот во селото Габрово. Се поплочуваат 200 метри од улицата, а градежните работи кои предвидуваа валирање и набивање на...
Објавено на 19 Април 2019, 10.49 од Д.Чапевски
2019-04-19-09-52-09 Околу триесет милиони денари, средства  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој доби Општина Делчево од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за...
Објавено на 18 Април 2019, 12.43 од Д.Чапевски
2019-04-18-11-47-47 Во просториите на Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа  јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делниците кои се предвидени за реконструкција т.е...
Објавено на 18 Април 2019, 11.32 од Д.Чапевски
2019-04-18-10-35-30 Амабсадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, денеска престојуваше во  Делчево. Во рамките на посетата, амбасадорот Тимоние оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево,...
Објавено на 18 Април 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-04-18-10-24-32 Донаторот на изградбата на фасадата на црквата „Св.Кирил и Методиј“, д-р Милен Врабевски е задоволен од текот и од квалитетот на работите на изградба на фасадата која го добива и својот конечен...
Објавено на 18 Април 2019, 07.54 од Д.Чапевски
2019-04-18-06-56-15  Деновиве започна реконструкцијата на старата училишна зграда во подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото Стамер. Во првата фаза од реконструкцијата е опфатена  промена на...
Објавено на 18 Април 2019, 07.39 од Д.Чапевски
2019-04-18-06-41-31 Започна асфалтирањето на првата улица во новата населба „Пролет“.  Се асфалтираат 262 метри од улица „1“ која води од старата зграда на Општина Делчево покрај река Габровчица и на која ќе бидат...
Објавено на 17 Април 2019, 12.59 од Д.Чапевски
2019-04-17-12-02-26  Над 200 средношколци од регионот денеска учествуваат на семинарот за „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“и Општина Делчево,  како...
Објавено на 16 Април 2019, 13.55 од Д.Чапевски
2019-04-16-12-57-27 По неколку децении во делчевското Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ е набавена нова машина ровокопач-утоварач. Вредноста на машината е 5,3 милиони денари, а инвестицијата е од сопствени средства...
Објавено на 15 Април 2019, 13.18 од Д.Чапевски
2019-04-15-12-21-04 Со пригодна свеченост, денеска делчевската гимназија „М.М. Брицо“ го одбележа својот патронен празник и прослави 95- години од раѓањето на патронот, истакниот делчевски првоборец и организатор на НОБ,...
Објавено на 15 Април 2019, 13.06 од Д.Чапевски
2019-04-15-12-13-20 Средношколците од регионот повторно ќе имаат можност да се запознаат со новините во дигиталниот свет и претприемништвото. Делчево ќе биде домаќин на регионалниот семинар „Иновации, прогрес и дигитален...
Објавено на 15 Април 2019, 07.23 од Д.Чапевски
2019-04-15-06-27-09 Општина Делчево во соработка со локалните образовни и институции од областа на културата и оваа година ја организира традиционалната Велигденска изложба која има продажно-хуманитарен...
Објавено на 15 Април 2019, 06.50 од Д.Чапевски
2019-04-15-05-53-18  Продолжува изградбата на крак од улица „Острец“ во населбата Маџир Маало. ЈПКД „Брегалница“ Делчево работи на порамнување и поставување бехатон плочки и рабници на овој дел од улицата. Предвидена...
Објавено на 12 Април 2019, 08.12 од Д.Чапевски
2019-04-12-07-15-52 Првиот стратешки документ на Општина Делчево кој треба да ја унапреди состојбата со родовата еднкавост на жените и мажите во општината е изработен во рамките на проектот „ Со стратегија и акциски...
Објавено на 10 Април 2019, 08.19 од Д.Чапевски
2019-04-10-07-35-04 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТИТЕ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТНА ДЕЛНИЦА МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И...
Објавено на 09 Април 2019, 11.22 од Д.Чапевски
2019-04-09-10-26-00 Над 50 м3 комунален отпад се собрани во последната реализирана акција за пролетно чистење на дивите депонии, а организирана од ЈПКД „Брегалница“. Екипи на ова Јавно претпријатие ги чистеа дивите депонии...
Објавено на 08 Април 2019, 11.37 од Д.Чапевски
2019-04-08-10-39-56 Ученици и професори од словенечката гимназија „Полјане“ кои деновиве престојуваат во посета на делчевската гимназија, денеска беа на работна средба кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан...
Објавено на 08 Април 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-04-08-10-16-51 По повод Светскиот ден на Ромите 8 Април, најдобрите ученици Роми од трите образовни институции во Делчево, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Ученичката во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1378
mod_vvisit_counterВчера2698
mod_vvisit_counterОваа недела6660
mod_vvisit_counterПретходна недела17511
mod_vvisit_counterОвој месец63421
mod_vvisit_counterПретходен месец73356
mod_vvisit_counterВкупно2619427

Присутни online: 48
Ваша IP: 18.215.159.156
,
Денес: Апр 24, 2019