Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0016_resize

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ја потпиша Европската повелба за еднаквост помеѓу жените и мажите во локалните заедници. Оваа повелба е иницијатива на Советот на европските локални и регионални власти подржана од ЗЕЛС со што Општина Делчево се запиша во семејството на 1450 потписнички од 33 европски земји поддржана од ЗЕЛС.
Чинот на потпишување на Повелбата се случи на денешниот работен состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Трајковски, а на која присуствуваа претставниците на женските активи при политичките партии кои функционираат во општината, членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, жените членки на Советот на Општината, пратенички во Собрание на РМ, жени пензионерки. На средбата беа истакнати и проблемите и потребите кои ги имаат жените во општината со цел да се предвидат идните активности кои ќе придонесат за поинтензивно учество на жените во развојот и унапредувањето на локалните правила на управување, а се со со цел подигнување на положбата на жената во нашата општина на едно повисоко ниво.
DSC 0009_resize

 Градоначалникот Трајковски истакна дека еднаквоста меѓу мажите и жените претставува основно право за сите и суштинска вредност за секоја демократија.
-Со потпишувањето на Европската повелба за рамноправност на жените и мажите, формално и јавно се обврзуваме на принципот на еднаквост на мажите и жените, да ги имплементираме во рамките на нашата територија обврските утврдени со Повелбата со која европските локални и регионални власти се обврзуваат, користејќи ги своите потенцијали и партнерства, да остварат поголема еднаквост помеѓу луѓето. Тоа е практичен документ, бидејќи не само што ги пртетставува основните права, туку дава и конкретни методи кои може да бидат остварени во различни области од надлежност на локалната власт, истакна Трајковски.
Повелбата е преведена на 28 јазиици, и таа е единствен документ воспоставен во тесна соработка со националните асоцијации на Советот на европски општини и региони. Јулијана Крстева претседател на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево истакна дека еден од приоритетите на КЕМ е токму денешниов настан-потпишување на Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници.
- Ја користам оваа прилика да му оддадам признание и во Ваше име да се заблагиодарам на градоначалникот Трајковски кој отворено застана во заштита на правата на жените и со овој денешен чин, ја смести Општина Делчево во семејството на 1450 потписнички на оваа Повелба која има историско значење за нас жените. Од голема важност е потпишувањето на Европската повелба денес,но уште поважно  е понатаму општината да ги имплементира принципите  и правилата за еднаквост во сите институции и организации на својата територија.Едно општество не може да напредува доколку жените во него се обесправени и пасивни, истакна Крстева.
DSC 0001_resize DSC 0002_resize
На средбата беше формиран и иницијативен одбор за формирање на Организација на жени на ниво на Општина Делчево која ќе биде натпартиска и ќе ги обединува сите жени без поделби грижејќи се единствено за можностите за напредок на статусот на жената во општината и преземјаќи иницијативи за намалување на родовиот јаз во општеството.
Со воведување на квотите од 40% учество на помалку застапениот пол на листите за пратеници и членови на советот, значително се зголеми бројот на жени во Парламентот и советите на општините. Во Делчево бројот на жени во управувачките органи на локалните институции е 21 жени наспроти 8 мажи. На раководни функции во општинските институции се назначени 3 жени наспроти 4 мажи.
DSC 0003_resize

Share/Save/Bookmark