Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Велигденската изложба на јајца и творби и оваа година по традиција ќе се одржи на Велики четврток,  5 април, со почеток во 12 часот пред Спомен-домот АСНОМ.

Општина Делчево во партнерство со училиштата, локалните институции и здруженија на граѓани, ја организира традиционалната манифестација посветена на големиот христијански празник Велигден на која ќе дојдат до израз креациите и умешноста за аранжирање и бојосување велигденски јајца, но и други творби на тема Велигден.

На празничната сцена со свои штандови и креации ќе учествуваат ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“. СОУ „М М Брицо“, ОЈУДГ „Весели цветопви“, Дневниот центар за лица со псоебни потреби, ФГ „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“, ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонковс –Вапцаров“.

Собраните средства од продажбата на велигденските творби ќе бидат наменети за добротворни цели, а за најдобрите творби, Општината обезбедува парични награди. За првонаградената творба износот е 3.000 денари, второнаградената ќе освои 2.000 денари, а третата награда е во износ од 1.000 денари.

Share/Save/Bookmark