Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

taxi

Стартната цена на автотакси превозот во Делчево од досегашните 25 денари се зголемува на 30 денари, а цената за изминат километар при возење останува непроменета и ќе изнесува 15 денари, додека за чекање на патниците при вршење на превозот, автотакси превозниците, како и досега, ќе наплаќаат по 3 денари за една минута чекање. Наместо досегашната заштитна цена од 40 денари до 1 поминат километар, според новата тарифа, автотакси превозниците ќе наплаќаат 45 денари.

Сепак, цената на извршениот превоз ќе се наплаќа врз основа на износот утврден по таксиметарот, а според одредената тарифа. Ова е Одлуката која ја донесоа делчевските советници по иницијативата поднесена од превозниците од автотакси компаниите во Делчево, кои бараа во тарифите за вршење на авто-такси превоз стартот за извршување на превозот  да изнесува 30 денари наместо досегашните 25 денари и 60 денари заштитна цена цена до 2 км возење.

Како што истакна претставникот на автотакси превозниците од Делчево, Ангелина Дончевска, барањето нова цена произлезе од потешкотиите во нивното работење, зголемените трошоци, поголема амортизираност на возилата, малите плати и цените на гориво.

По разгледување на доставената иницијатива од страна на превозниците кои вршат автотакси превоз на патници, стручните служби во Општина Делчево ја разгледаа и им излегоа во пресрет на автотакси превозниците, бидејќи е забележана тенденција на намалување на атрактивноста за овој вид превоз со намалениот број на барања за изводи од лиценца, прифаќајки ја првата точка од барањето на превозниците, каде стартната тарифа од 25 денари се зголемува на 30 денари,  а заштитната цена до 1км да изнесува 45 денари.

Втората точка од барањето на превозниците, каде се бара заштитна цена до 2 км е неприфатлива и не може да се дозволи поради самите должини на патување и просторната разместеност на објектите по намени во Делчево како град, каде доколку се дозволи ваква заштитна цена граѓаните за помалку поминати километри извршена услуга- превоз на патници би платиле поголема сума.

Со предвидените тарифи од оваа Одлука, авто-такси превозниците повторно добиваат 60 денари за изминати 2 км, но само при поминување на соодветната километража, а не како заштитна цена.

Стартната цена за ноќната и празничната тарифа (која важи од 00.00 часот до 05.00 часот наутро и за време на празнични денови) според донесената Одлука изнесува 30 денари за почеток на превозот,  18 денари за изминат километар и 3 денари  чекање до 1 минута.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 12 Декември 2018, 09.36 од Д.Чапевски
-16- Советот на Општина Делчево на 16-та Седница расправаше по 30 точки на Дневниот ред. На Седницата, советниците го донесоа Планот и програмата за развој на Општина Делчево во 2019 година, Кварталниот...
Објавено на 07 Декември 2018, 13.56 од Д.Чапевски
2018-12-07-13-02-08  На трисет и едно платно со техника масло на платно компонирана во ликовната приказна „Парижанка во Делчево“, беше презентирана уметноста на ликовниот уметник Лена Ѓуриќ, пред делчевската...
Објавено на 07 Декември 2018, 13.31 од Д.Чапевски
2018-12-07-12-32-45 Во Буџетот за 2019 г, Владата предвидува 37% повеќе средства за реалзиација на финансиска поддршка на компаниите, односно за севкупните мерки за економски раст се предвидени 4,1 милијарда денари. Овој...
Објавено на 07 Декември 2018, 10.13 од Д.Чапевски
2018-12-07-09-15-17 Врз основа на членот 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени...
Објавено на 06 Декември 2018, 14.18 од Д.Чапевски
2018-12-06-13-24-21  Претставици од комуналните претпријатија од  Берово и Пехчево, претставници од месните заедници од Ѕвегор и Габрово, претставници од работните тимови од Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“...
Објавено на 06 Декември 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-12-06-13-05-40 Фирмата „Жикол“ која го доби тендерот за изградба на првиот пешачки мост во Делчево, денеска беше воведена во работа. Претставници од фирмата беа на работен состанок во Општина Делчево на кој...
Објавено на 05 Декември 2018, 14.22 од Д.Чапевски
2018-12-05-13-23-42 Општина Делчево ги известува заинтересираните граѓани и претставници од бизнис-заедницата дека на 7 декември (петок) во банкет-салата на хотел „Македонија“во Делчево со почеток во 11 часот ќе се одржи...
Објавено на 05 Декември 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-12-05-13-06-45 Претставници од швјацарската консултантска фирма ЕБП и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот „Водоснабдување на Делчево“, го одржаа...
Објавено на 04 Декември 2018, 14.56 од Д.Чапевски
2018-12-04-14-01-53 Литературната поетска манифестација која прерасна во делчевски бренд со кој се слави патронот на Националната установа за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево ја реализираше завршната свеченост...
Објавено на 04 Декември 2018, 08.33 од Д.Чапевски
2018-12-04-07-35-18 „Парижанка во Делчево“ е насловот на ликовната изложба од авторката Лена Ѓуриѓ чии дела ќе бидат изложени во фоајето на Спомен-домот АСНОМ, в петок, 7 декември 2018 година со почеток во 13 часот....
Објавено на 04 Декември 2018, 08.14 од Д.Чапевски
2018-12-04-07-24-28 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 03 Декември 2018, 15.10 од Д.Чапевски
humanost  Продадени сите уметнички слики од Ликовната колонија „Дарувај со љубов“ на денешната Аукцијата за хуманост организирани по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и во рамките на...
Објавено на 30 Ноември 2018, 13.29 од Д.Чапевски
2018-11-30-12-32-16 Громогласен аплауз и смеа ја следеше детската претстава „Црвенкапа и збунетиот волк“ во изведба на актерите од штипскиот тетар „Ацо Шопов“. Познатата тема за црвенкапа и волкот, адаптирана во современи...
Објавено на 29 Ноември 2018, 10.22 од Д.Чапевски
2018-11-29-09-28-07 Светот набљудуван и доживуван од младите ликовни уметници и талентираните деца со посебни потреби се преточува со боја и цртеж на сликарските платна во рамките на Ликовната колонија „Даруваме со љубов“...
Објавено на 28 Ноември 2018, 11.09 од Д.Чапевски
2018-11-28-10-11-42 По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, ЈЛБ „Илинден“, ЈУДГ „Весели цветови“, ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“, НВО...
Објавено на 27 Ноември 2018, 12.06 од Д.Чапевски
2018-11-27-11-07-37 По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево заедно со основните училишта „Св.Климент Охридски“, „Ванчо Прке“, детската градинка „Весели цветови“, локалната...
Објавено на 27 Ноември 2018, 11.50 од Д.Чапевски
2018-11-27-11-03-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева и управителот на  ДГТ„ Жикол“ ДООЕЛ во Скопје,  Никола Пандев, го потпишаа...
Објавено на 26 Ноември 2018, 12.35 од Д.Чапевски
2018-11-26-11-41-44  Општина Делчево ќе биде дел од проектот имплементиран од НВО КХАМ Делчево со наслов „Преку Стратегија и локални акциски планови до еднакви можности за мажите и жените во општините Делчево, Берово...
Објавено на 23 Ноември 2018, 14.49 од Д.Чапевски
2018-11-23-13-50-37 Општина Делчево ќе додели 12 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево. Согласно со Конкурсот, Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево...
Објавено на 23 Ноември 2018, 14.38 од Д.Чапевски
2018-11-23-13-39-51 Општина Делчево го објави Конкурсот за доделување стипендии на студенти кои студираат на државните факултети во Република Македонија. Согласно со Конкурсот, Општина Делчево ќе додели вкупно и 12...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес542
mod_vvisit_counterВчера1881
mod_vvisit_counterОваа недела8801
mod_vvisit_counterПретходна недела14988
mod_vvisit_counterОвој месец28345
mod_vvisit_counterПретходен месец64416
mod_vvisit_counterВкупно2320828

Присутни online: 29
Ваша IP: 52.91.185.49
,
Денес: Дек 14, 2018