Четврток, 05 Април 2018 15:49
На овие простори отсекогаш егзистирале различности, но меѓуетничката и меѓуверската толеранција, соживотот, биле на едно високо ниво во сите сегменти на секојдневното живеење, затоа сакаме да ја надградуваме и да ја сочуваме оваа наша вредност, порача градоначалникот Горан Трајковски на синоќешната трибина „Порака за мир“ организирана од новоформираното Здружение „Асоцијација за добротворни проекти“.
-Ги поздравувам напорите и целите на новоформираното Здружение „Асоцијација за добротворни проекти“ и преку вечерашнава „Порака за мир“, сите заедно, едногласно да ги осудиме насилствата во светот. Апелирам до сите луѓе, без разлика на нивната етничка или верска припадност, заедно, со заеднички ангажман во сите сфери од живеењето, принципите на заемно почитување, мирољубивост, соживотот, солидарност, толеранцијата, да ги вградиме како темелни вредности на нашето општествo и секој еден од нас да се стреми кон достигнување и идентификација со тие вредности истакна Трајковски.
Одржувањето на духот на меѓуетничка, меѓуверска, мултикултурна и социјална толеранција, градење соживот за идните генерации преку подобро запознавање на едни со други, беше една од главните цели на синоќешната трибина во Делчево.Претседателот на Здружението, Самир Мемедов истакна дека настанотпокрај промоција на Здружението, сака да ги осуди сите насилства во светот кои се прават во име на исламот, а воедно и да ја пренесе пораката за оградување од ваквите настани.
На настанот присуствуваше и министерот без ресор Аксел Ахмедовски, претставници од верските заедници, градоначалниците од Делчево, М.Каменица и Берово, претставници од повеќе институции од Делчево и од НВО сектор. Министерот Ахмедовски кој ја поздрави иницијативата на новоформираното Здружение истакна дека соживотот во Македонија нема алтернатива.
-Од името на Владата на РМ и од мое име ја поздравувам оваа иницијатива и сакам д апорачам дека Владата е целосно посветена за соработка со НВО сектор, а оваа иницијатива е од посебна важност, бидејќи обработуива тема која не трпи нетолеранција и конфликти и испраќа порака за соживот и почитивање на нашите различности, рече Ахмедовски.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.