Четврток, 12 Април 2018 12:32
Со победа на женската ракометна екипа од ООУ„Владо Полежиноски" од Кичево над ракометарките од ООУ „Маршал Тито" од Муртино , стартуваше државното првенство во ракомет што денеска се одржува во Делчево, а домаќин е делчевското ООУ „Ванчо Прке“.
Кичевските млади ракометарки го добија натпреварот со 20 : 17, а во попладневниот дел од првенството, тие ќе се сретнат со победниците од дуелот меѓу екипите од домаќинот ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево и екипата на „ООУ „Круме Кепески “ .
Државното првенство во Делчево во женски ракомет, ги донесе во Делчево најдобрите женски екипи од сите основни училишта во државава, кои по одиграните зонски и регионални натпревари се пласираа на државното првеенство, истакна тренерот на делчевските ракометарки, Горан Велков, кој е и директор на ООУ „Ванчо Прке“.
- Ние, како домаќини се надевам дека успеавме да создадеме солидно поле за натпревар, ги обезбедивме сите услови, на 60-те натпреварувачи да им овозможиме да ги покажат своите солидни познавања во оваа игра и верувам дека ова искуство во Делчево ќе го паметат во животот и ќе ги мотивира, барем дел од нив, да се гледаат во иднина на спортските ракометни терени, рече Велков.
Државното превенство го отвори претседателот на Советот на Општина Делчево, Драган Маневски кој изрази огромно задоволство што Делчево е домаќин на еден ваков спортски натпревар.
-Една од целите на Општина Делчево е развој на спортот и негова промоција како начин на живот на младите. Еден ваков државен натпревар, дава поттик, и нашите млади спортисти да бидат поуспешни на спортските терени и да се натпреваруваат за златни медлаи, но и ние како Општина да се обврземе да создаваме подобри услови за развој на спортот, рече Маневски.
Спортската манифестација започна со културно-уметничка програма во организација на КУД „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.