Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 3572_resize

НВО „Регионален центар за застапување“ во партнерство со Општина Делчево ја одржа првата работилница во врска со изработката на Стратегија за соработката со граѓанскиот сектор. На работилницата присуствуваа претставници на десетина активни невладини организација во општината кои се вклучени во процесот на изработка на стратешкиот документ, како и претставници од Општина Делчево.

 Главна цел за изработката на овој документ е овозможување активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање на развојните политики, активности и иницијативи, како и создавање предуслови за формување на ефикасни партнерства во нивно реализирање. Проектот ќе се реализира во текот на наредните 8 месеци, а во постапката на изработка на стратешкиот документ и акцискиот план ќе бидат вклучени претставници од активните невладини организации во Делчево.

IMG 3543_resize

IMG 3549_resize

Share/Save/Bookmark