Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0074_resize

Основците од М. Каменица екипно подобри од делчевските основци во меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“, додека делчевските средношколци првопласирани на натпреварите во „Сообраќајно-техничка култура на младите“.

Ова се екипините реузлтати на меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ кои годинава се одржаа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Натпреварувачките екипи за Детски семафор беа од ООУ „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ од Делчево и „ Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, додека СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево и СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ од Македонска Каменица се натпреваруваа со знаењата во сообраќајно - техничка култура на младите.

 Учениците се натпреваруваат со своите знаења за сообраќајните правила и прописи преку теоретски дел со полагање на сообраќајни тестови кои и оваа година се решаваа на електронски систем лоциран на веб порталот http://www.soobrakaj.mk&, и практичен дел со вешто возење на велосипед и мопед на полигон.

За најдобрите натпреварувачи беа доделени награди за прво, второ и трето место, поединечно за момчиња и девојчиња, како и награди во екипна конкуренција

DSC 0003_resize

DSC 0017_resize DSC 0031_resize

Детски семафор 2018

Резултати - поединечен пласман трета (мала) група (женска конкуренција)

  1. Јована Лазарова - ООУ„Св.Кирил и Методиј“
  2. Ева Ивановска – ООУ „Св.Климент Охридски“
  3. Ана Ангеловска – ООУ „Ванчо Прќе“

Резултати - поединечен пласман трета (мала) група (машка конкуренција)

  1. Роберто Јаневски - ООУ„Св.Кирил и Методиј“
  2. Климент Трајков - ООУ„Св.Кирил и Методиј“
  3. Александар Стојчевски - ООУ „Ванчо Прќе“

Резултати - поединечен пласман четврта (голема) група (женска конкуренција)

  1. Исидора Сугарева - ООУ „Св.Климент Охридски“
  2. Дајана Ристовска - ООУ„Св.Кирил и Методиј“
  3. Милена Стојчевска - ООУ „Ванчо Прќе“

Резултати - поединечен пласман четврта (голема) група (машка конкуренција)

  1. Христијан Веселиновски - ООУ„Св.Кирил и Методиј“
  2. Стефан Ефтимовски - ООУ „Ванчо Прќе“
  3. Бојан Тренчевски - ООУ „Св.Климент Охридски“

 

DSC 0033_resize

DSC 0037_resize DSC 0044_resize

Сообраќајно техничка култура на младите 2018

Резултати поединечен пласман:

  1. Даме Спасевски – „Миле Јаневски – Џингар“ Македонска Каменица
  2. Александар Пецовски - „Методи Митевски Брицо“ Делчево
  3. Антонио Петревски - „Методи Митевски Брицо“ Делчево

По сумирање на постигнатите резултати натпреварувачките екипи ги овоија следните места:

За Детски семафор

  1. ООУ Св.Kирил и Методиј - Македонска Каменица
  2. ООУ Св.Климент Охридски - Делчево
  3. ООУ Ванчо Прќе - Делчево

За Сообраќајно техничка култура на младите

  1. СОУ Методи Митевски Брицо - Делчево
  2. СОУ Миле Јаневски –Џингар -Македонска Каменица

DSC 0047_resize

DSC 0050_resize DSC 0056_resize

DSC 0077_resize

DSC 0097_resize

DSC 0098_resize DSC 0102_resize

DSC 0107_resize

Следната фаза од овие натпревари е регионалниот натпревар кој треба да се одржи до 15 Мај 2017 година. Манифестацијата заврши со свечено доделување на дипломи, награди и признанија на учесниците и свечен ручек.

Организатор на овие традиционални сообраќајно воспитни манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ се Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата од Македонска Каменица и Делчево, со подршка на Локалната самоуправа од Македонска Каменица и Делчево.

Општинските натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ традиционално се одржуваат повеќе од 45 години и претставуваат посебен придонес во градењето на сообраќајната култура на децата и младите кои секојдневно се вклучени во сообраќајот како пешаци и велосипедисти.

DSC 0123_resize DSC 0124_resize

DSC 0136_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Мај 2019, 13.54 од Д.Чапевски
ff   Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен...
Објавено на 20 Мај 2019, 11.26 од Д.Чапевски
2019-05-20-10-37-53   По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на...
Објавено на 20 Мај 2019, 09.25 од Д.Чапевски
2019-05-20-08-27-50 По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.  Од денеска во чест...
Објавено на 20 Мај 2019, 06.46 од Д.Чапевски
----143-----  Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше...
Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...
Објавено на 10 Мај 2019, 10.32 од Д.Чапевски
2019-05-10-09-34-43 По повод Европската недела на имунизацијата денеска во Делчево беа доделени 10 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче, а беше доделен и...
Објавено на 09 Мај 2019, 10.16 од Д.Чапевски
2019-05-09-09-20-47  Со пригодна свеченост, денеска Делчево одбележа 74 години од победата над фашизмот и 69 години од Денот на Европа.  По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот,...
Објавено на 06 Мај 2019, 06.36 од Д.Чапевски
2019-05-06-05-39-10 Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани и креативни граѓани кои ги уредуваат своите дворови или граѓаните кои се воодушевуваат на уредениот двор на пријател или сосед или стопански субјект, да...
Објавено на 04 Мај 2019, 10.09 од Д.Чапевски
-116- Делчево се поклони пред великанот и патронот на градот Гоце Делчев. Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ од Делчево по повод 116-годишнината од смртта на Делчев, се...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.35 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-38-59 Се подготвува уште еден парк во центарот на градот зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Согласно со проектот, новиот парк ќе опфаќа површина од 2000м2, а планирано е комплетно хортикултурно...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес133
mod_vvisit_counterВчера1579
mod_vvisit_counterОваа недела1712
mod_vvisit_counterПретходна недела17601
mod_vvisit_counterОвој месец44536
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2677444

Присутни online: 31
Ваша IP: 54.163.20.123
,
Денес: Мај 21, 2019