Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

sgg nasilstva_vo_uchilishtata

Проблемот со насилството во училиштата кој е актуелен деновиве во државава, како и  прашањето за користење безбеден интернет од страна на учениците, се најдоа на дневен ред на редовниот состанок на Советодавната граѓанска група во Делчево.

На состанокот присуствуваа и наставници и стручни служби од основните и средните училишта,како и претставници на повеќе локални институции и НВО сектор, при што беше констатирано дека во делчевските училишта нема регистрирано случаи на екстремно насилно однесување на ученици. Но, сепак, беше заклучено дека мора да се остане посветен на следењето на состојбите во училиштата и да се преземат превентивни мерки , меѓу кои и одржување на работилници од советодавен карактер во кој ќе бидат вклучени учениците, наставниците, стручните работници, како и родителите.

Инспекторот за превенција Виолета Илиевска, која е координатор на СГГ, информираше и за новите трендови на информативен и компјутерски криминал опфатени со проектот на МВР и Отсекот за превенција при СВР Штип, „Користење на безбеден интеренет“.

-Целта на проектот е да се едуцираат учениците од 6 до 9 одделение за опасностите со кои можат да се соочат при користењето на интернетот и социјалните мрежи, како да се препознаат лицата измамници на социјалните мрежи и што треба да се преземе во такви ситуации, да се потенцира значењето на заедничкиот пристап во решавање на идентификуваните проблеми, но и поголема меѓусебна соработка на полицијата и учениците, како и граѓаните. Ова алудира на поголема доверба меѓу граѓаните и полицијата, истакна Илиевска.

Таа додаде дека во рамките на овој проект ќе се одржат и едукативни работилници во сите општински основни училишта што ќе биде покриено и со соодветна медиумска кампања, а активностите ќе бидат спроведенин од помошниците командири за ЈРМ и превенција во полициските станици на подрачјето на СВР Штип.

Инаку, Советодавно тело беше доекипирано со нови членови, а за претстадетл на СГГ беше избран Ванчо Новоселски, советник за образование во Општина Делчево.

-Се надевам дека заеднички, со договор, со предлози, со конкретни работи, ќе ги завршуваме работите, бидејќи само на тој начин можеме да постигнуваме резултати. Очекувам поголема координираност со институциите, соработка меѓу самите членови и пред се волја за работа, за да можеме да ги надминуваме предизвиците што е во интерес на граѓаните на Општина Делчево, истакна  Новоселски

СГГ во Делчево беше формирана пред 12 години како резултат на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население“ , имплементиран од страна на ОБСЕ-Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Мај 2018, 07.00 од Д.Чапевски
-27- Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е...
Објавено на 21 Мај 2018, 10.55 од Д.Чапевски
----24-----------24--------- Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод,...
Објавено на 21 Мај 2018, 08.29 од Д.Чапевски
-142-  Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот...
Објавено на 18 Мај 2018, 19.09 од Д.Чапевски
2018-05-18-18-20-48 Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во...
Објавено на 18 Мај 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-05-18-11-00-31 Построени и достоинствени, денеска пожарникарите поднесоа рапорт на градоначалникот Трајковски во рамките на церемонијалниот дел од одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај во ТППЕ...
Објавено на 17 Мај 2018, 07.27 од Д.Чапевски
2018-05-17-06-36-30 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со...
Објавено на 16 Мај 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-05-16-12-56-07 Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на улиците низ градот Делчево. Самото обележување на хоризонталната сигнализација спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се...
Објавено на 15 Мај 2018, 12.07 од Д.Чапевски
2018-05-15-11-10-22 Почнаа градежните работи на улицата „Маршал Тито“ во центарот на градот. Реконструкцијата ќе ја опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“, односно...
Објавено на 14 Мај 2018, 09.14 од Д.Чапевски
2018-05-14-08-20-43   По налог на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, екипи на ЈПКД „Брегалница“  ја исчистија депонијата за градежен шут Ралова Чука која се наоѓа непосредно до влезот на градот...
Објавено на 14 Мај 2018, 08.54 од Д.Чапевски
-142- Општина Делчево со посебна чест и задоволство Ве поканува на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 142 години од Разловечкото востание.По тој повод, на 20 мај во...
Објавено на 11 Мај 2018, 10.53 од Д.Чапевски
2018-05-11-09-55-53 Изведувачот на работите „Реконструкција на дел од улица Маршал Тито“ во Делчево, „ЕСКАВАТОРИ – МК“ СКОПЈЕ, на ден 14.05.2018 ќе започне со изведување градежни работи на дел од улицата „Маршал Тито“ во...
Објавено на 10 Мај 2018, 15.23 од Д.Чапевски
2018-05-14-06-26-43 Минатата година на територијата на општина Делчево се случиле 37 пожари од кои 9 шумски, 16 на отворен простор, при што изгорела 157.1 ха шума, 78.3  ха сува трева и пасишта и 14.904 м3 дрвна маса....
Објавено на 10 Мај 2018, 14.02 од Д.Чапевски
2018-05-10-13-04-16 Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица денеска се одржуваат регионални натпревари за „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите 2018“ каде учество ќе земат екипи од...
Објавено на 09 Мај 2018, 12.04 од Д.Чапевски
2018-05-09-11-13-52 Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа...
Објавено на 09 Мај 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-05-09-10-42-47 Советниците го избраа новиот состав на Советот на млади на Општина Делчево. Ова младинско советодавно тело кое се формира со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општината.  За...
Објавено на 08 Мај 2018, 13.20 од В.Мицевски
-7- Најдобар полициски служебник во општина Делчево е Лилјана Даневска- Богдановска. Таа ја доби традиционалната награда од Општина Делчево која се доделува по повод 7 Мај, Денот на македонската полиција....
Објавено на 08 Мај 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-05-08-11-38-30 На Деветтата редовна седница, делчевските советници едногласно ги донесоа одлуките за  утврдување приоритетни проекти со кои Општина Делчево и трите образовни институции во градот, аплицираат по...
Објавено на 05 Мај 2018, 07.53 од Д.Чапевски
2018-05-05-07-01-10  Вработените во Општина Делчево  денеска се вклучија во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС. Акцијата се спроведува во сите општини во...
Објавено на 04 Мај 2018, 10.36 од Д.Чапевски
-115-   Делчево денеска одбележува 115 години од смртта на Гоце Делчев, патронот на градот кој  на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. По тој повод,...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес145
mod_vvisit_counterВчера1148
mod_vvisit_counterОваа недела2726
mod_vvisit_counterПретходна недела7733
mod_vvisit_counterОвој месец25888
mod_vvisit_counterПретходен месец43618
mod_vvisit_counterВкупно1961894

Присутни online: 8
Ваша IP: 54.224.108.85
,
Денес: Мај 23, 2018