Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0004_resize

На Деветтата редовна седница, делчевските советници едногласно ги донесоа одлуките за  утврдување приоритетни проекти со кои Општина Делчево и трите образовни институции во градот, аплицираат по повикот од ИПА - Програма за прекугранична соработка Р. Македонија-Р. Бугарија. Со донесување на одлуките, советниците дадоа поддршка за развој и спроведување на проектите по ИПА Програма за прекугранична соработка на проектите од Општина Делчево, ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“ и СОУ „М.М.Брицо“, работени во партнерство со институции од пограничниот регион на соседна Бугарија.

          Проектот„Заедничко надминување на прекуграничните проблеми поврзани со поплави“ –„Joint overcoming of Cross-Border problems, related to Floods“ е партнерски проект со општина Благоевград од Република Бугарија и се однесува на заедничко надминување на проблемите поврзани со поплави во пограничниот регион. Проектот ќе биде предложен за финансирање во рамките на приоритетната оска за животна средина, со специфична цел која се однесува на превенција и ублажување на последиците од природни катастрофи и катастрофи причинети од човечкиот фактор во прекуграничниот регион.

          Делчевската гимназија, СОУ „М.М.Брицо“ аплицира со проектот„Придонес кон охрабрување на културен туризам во трансграничен регион преку проучување и популаризации на месни занаети и собори“. Тој е партнерски проект со СОУ „Кузман Шапкарев“ од општина Благоевград, Република Бугарија и се однесува на подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка во зачувувањето и одржливо искористување на природното и културното богатство. Проектот ќе биде предложен за финансирање во рамките на приоритетна оска која се однесува на туризмот, специфична цел за подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка во зачувувањето и одржливо искористување на природото и културното богатство.

DSC 0005_resize

            Проектот„Вечно зелено училиште“ –„Green school foreverе партнерски проект на ООУ „СВ.Климент Охридски“ со профилирана висока школа „Јане Сандански“ од општина Сандански, Република Бугарија и се однесува на обука и тренинг на ученици и наставници во делот на зачувување на животната средина. Проектот ќе биде предложен за финансирање во рамките на приоритетна оска која се однесува на животната средина, со специфична цел за заштита на животната средина и оддржливо искористување на заедничките природни ресурси вопрекуграничниот регион.

ООУ „Ванчо Прке“ по повикот ќе аплицира со два проекти. Проектот „Sun-energy“ е партнерски проект на ООУ „Ванчо Прке“со ОУ „Никола Вапцаров“, Копривјане, Р. Бугарија и се однесува на заштитата на животната средина и одржливо користење на заедничките риродни ресурси во прекуграничниот регион. Проектот ќе биде предложен за финансирање во рамките на приоритетната оска животна средина со специфична цел заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион.

         Проектот „Младински туризам во пограничниот регион“ е партнерски проект на делчевската деветолетка со СУ „Никола Вапцаров“ од Хаџидимово, Бугарија и се однесува на заштитата на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион. Проектот ќе биде предложен за финансирање во рамките на приоритетната оска туризам, со специфична цел подобрување на конкурентноста на туристичките понуди во пограничниот регион.

DSC 0006_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.07 од Д.Чапевски
-2019- , Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет,буџет на дотации,...
Објавено на 25 Декември 2018, 11.51 од Д.Чапевски
2018-12-25-10-55-40 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 24 Декември 2018, 12.31 од Д.Чапевски
2018-12-24-11-33-37 Комисијата за доделување студентски стипендии ја утврди листата на студенти кои за учебната 2018/2019 ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на Општина Делчево. На јавниот Конкурс се пријавиле 14...
Објавено на 24 Декември 2018, 09.46 од Д.Чапевски
2018-12-24-08-50-52 Во преполната киносала во Делчево се одржа целовечерен концерт на староградска музика и серенади во изведба на Градскиот хор од Штип. Концертот го организираше Општина Делчево во соработка со НУЦК...
Објавено на 24 Декември 2018, 09.22 од Д.Чапевски
2018-12-24-08-30-30 Урбаната опрема во Делчево е постојано цел на несовесни граѓани, а последниот чин на фрлање клупа од паркот во заледеното езерце е врв на несовесно однесување на поединци. Од тие причини, Општина...
Објавено на 21 Декември 2018, 15.25 од Д.Чапевски
2018-12-21-14-28-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата од 12  ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од 2, 3 и 4 година кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2018/2019 година. На јавно...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес44
mod_vvisit_counterВчера2205
mod_vvisit_counterОваа недела4373
mod_vvisit_counterПретходна недела15052
mod_vvisit_counterОвој месец30472
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2387566

Присутни online: 28
Ваша IP: 34.203.213.116
,
Денес: Јан 16, 2019