Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0053_resize

Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во ресторанот „Либеро“, претходеше дефилето на матурантите низ улиците во центарот на градот.
Дефилето на матурантите кои и годинава беа во полн сјај, го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.
DSC 0028_resize DSC 0031_resize
DSC 0051_resize
 
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ им ги додели наградите во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со кој се уредува начинот, условите и критериумите за постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево, постапката за избор на десетте најдобри ученици-матуранти ја спроведува соодветна Комисија од СОУ„М.М.Брицо“ Делчево, а средствата за наградното патување во траење од 14 дена се обезбедени од Буџетот на Општината.

Согласно со изборот на Комисијата, годинава за најдобри матуранти се прогласени:

1.Иван Даневски  4-5 клас, кој е и првенец на генерацијата;
2.Марија Николовска 4-4 клас;
3.Бојана Захариева 4-5 клас
4.Никола Џабирски 4-5 клас
5.Даниел Цоневски  4-5 клас
6.Ивана Стојчевска 4-4 клас
7.Билјана Стојановска 4-3 клас
8.Викторија Диковска 4-4 клас
9.Кристина Ангеловска 4-3 клас
10.Ана Тасевска 4-5 клас 

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред матурантите и присутните граѓани истакна дека доделувањето на оваа награда е со цел да се поттикнат учениците да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување, но и да останат да се школуваат во делчевскиот средношколски центар, бидејќи и овде можат да се стекнат со солидни знаења.
 
-Јас ѝ посакувам на оваа млада генерација која сега запловува во животот на возрасните, да ги оствари своите соништа и амбиции и гордо да чекори и да придонесува во градењето на нашето општество, нашата општина и нашата иднина, истакна Трајковски.
 
Годинава 4 година во СОУ „М.М.Брицо“ завршуваат 93 матуранти. 
DSC 0067_resize
Share/Save/Bookmark