Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0016_resize DSC 0018_resize

Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, претставници од Советот на Општината, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-плочата на Поп Стојан, а свештеници од МПЦ од Делчево одржаа литија во црквата „Св.цар Константин и царица Елена“.

DSC 0024_resize

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните навраќајќи се на историските моменти од Востанието истакна дека Востанието обврзува и поттикнува да работиме и да ја градиме нашата општина и славното Разловци кое во неговата агенда како градоначалник, има приоритет, бидејќи овде работел 8 години како професор што му дава можност да ги знае проблемите и потребите на жителите од селото.

- На земјоделците од Разловци им го решаваме проблемот со наводнувањето на нивните земјоделски површини. Ќе се санираат водните канали и јазови кои служат за наводнување на земјоделски површини на неколку локации во месноста Горно Поле, Спасева Глава, а ќе се насочи дел од водата на река Брегалница преку препиш во каналот. Исто така, ќе поставиме цевки во должина од 100 метри на дел од тој терен, за да ја намалиме загубата на водата. На месното Расток, Средно Поле ќе се направи насип за да се подигне нивото на р. Брегалница и да се приклучи каналот за да може да се наводнува и Средно Поле, истакна Трајковски.

Тој истакна дека ќе се изработи проект за изградба на стариот пат за Разловци во должина од 5 км, од фармите на „Рудине“ до приклучниот пат кај с. Тработивиште, додека изрази незадоволство од состојбата во која се наоѓа домот кој го чува споменот на Разловечкото востание.

-Не може еден таков уникатен архитектонски објект кој беше гордост на сите, сега да претставува срам поради негрижата на институциите во чија сопственост е објектот. Јас, одовде испраќам порака до надлежното Минситерство за култура да го поддржи готовиот проект за конзервација и реконструкција на Спомен-домот и веќе еднаш да почне санацијата на објектот. Во соработка со централната власт ќе работам за, конечно, да се реши овој проблем, истакна Трајковски.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од Востанието, во Спомен -домот „Разловечко востание“ беше отворена ликовната изложба на тема „Разловечки мотиви“подготвена од учениците од „ООУ„Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ПУ во с. Разловци, како и ликовни дела на делчевскиот уметник Петар Атанасов-Пепи, а во културно-уметничката програма настапија КУД „Гоце Делчев“, ФГ „Н.Ј.Вапцаров“ и ФГ „Копачка“. На централната прослава во Разловци му претходеше планинарски марш на кој учество зедоа 9 планинарски друштва од Источна Македонија и од Софија. На сите учесници во настанот, Градоначалникот Трајковски им додели благодарници.

Инаку, настанот беше во организација на Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево.

DSC 0025_resize

DSC 0028_resize DSC 0032_resize

DSC 0035_resize DSC 0036_resize

DSC 0038_resize DSC 0040_resize

DSC 0045_resize

DSC 0055_resize

DSC 0077_resize

DSC 0079_resize DSC 0082_resize

DSC 0083_resize

DSC 0089_resize

1 n

2 n

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Август 2018, 14.56 од В.Мицевски
2018-08-14-13-59-47 Советот на Општина Делчево на својата редовна Седница го утврди како приоритет проектот „Изградба на улици во населбата Басарица“, а исто така, ја утврди и намената на инвестицијата за изградба на...
Објавено на 14 Август 2018, 14.44 од В.Мицевски
2018-08-14-13-51-31 Седница, советникот Николчо Ситновски од ВМРО НП, кој беше советник од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, истакна дека од денеска во Советот ќе настапува како независен советник од ВМРО-НП. Во...
Објавено на 09 Август 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-08-09-07-47-32 Синоќа под ѕвезденото небо на Голак, покрај манастирот „Св. Пантелејмон“ илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија и Борнова Турција...
Објавено на 08 Август 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-08-08-13-07-43  Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Делчево беше организиран прием за делегациите од збратимените градови Борнова , Турција и Рача, Србија. Општината Борнова во Турција веќе долги...
Објавено на 08 Август 2018, 13.17 од Д.Чапевски
2018-08-08-12-18-18 Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, оствари работна средба со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски. На средбата се разговараше...
Објавено на 08 Август 2018, 13.08 од Д.Чапевски
----24---- Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“се подготвени за ново издание на Меѓународниот фолклорен фестивал кој ќе се одржи вечерва под ѕвезденото небо на Голак, покрај манастирот...
Објавено на 08 Август 2018, 08.54 од Д.Чапевски
2018-08-08-11-59-11 Пред неколкуилјадна публика од Делчево, но и од соседните општини, познатиот музичар и шоумен Игор Џамбазов заедно со бендот на Гуру Харе, приредија концерт за паметење во Делчево. Предгрупата „Шекспир“...
Објавено на 07 Август 2018, 22.00 од Д.Чапевски
2018-08-08-06-17-45  Над 120 учесници се дел од првиот Бизнис-форум што го организира Општина Делчево. Под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ во ресторанот „Либеро“ на Бизнис-форумот вечерва учествуваат...
Објавено на 07 Август 2018, 12.22 од Д.Чапевски
2018-08-07-11-30-43 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 06 Август 2018, 11.14 од Д.Чапевски
2018-08-06-10-38-14 Општина Делчево очекува над 120 учесници на првиот Бизнис-форум кој се организира под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“. Подготовките се при крај, а учеството на Бизнис-форумот потврдија...
Објавено на 06 Август 2018, 08.00 од Д.Чапевски
2018-08-06-07-03-11 Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски беше во официјална посета на Општина Горажде од БИХ во рамките на Меѓународниот фестивал „Пријателство“ што по 21 пат се...
Објавено на 03 Август 2018, 14.47 од Д.Чапевски
2018-08-03-13-50-03 Советот на млади на Општина Делчево организира ноќен турнир во баскет. Турнирот ќе се одржи на 14. 15 и 16 август,  а Советот на млади ги повикува сите заинтересирани екипи да се пријават најдоцна...
Објавено на 02 Август 2018, 09.48 од Д.Чапевски
2018-08-02-08-55-17  Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, Илинденското востание 1903 и АСНОМ 1944 година. Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата кои го чуваат...
Објавено на 01 Август 2018, 07.32 од Д.Чапевски
2018-08-01-06-40-52 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево Оперативниот план за активни програми и мерки за...
Објавено на 31 Јули 2018, 13.39 од Д.Чапевски
2018-07-31-12-41-02 Општина Делчево бесплатно ќе доделува локации за вршење угостителска дејност во градскиот парк  на настанот  кој се организира во пресрет на Голачките фолклорни средби. На летната сцена во...
Објавено на 31 Јули 2018, 13.36 од Д.Чапевски
2018-07-31-12-38-31 Во конуренција од 19 фолклорни друштва од Русија, Грција, Бугарија , Романија , делчевските играорци  од КУД „Гоце Делчев“ освоија три први награди на меѓународниот фестивал „Фолклорни празници на...
Објавено на 30 Јули 2018, 13.29 од Д.Чапевски
2018-07-30-12-33-51 Со цел координирани активности и добра организација на традиционалните „Голачки фолклорни средби“ кои по 24 пат ќе се одржуваат на планината Голак на 08.08.2018 (среда), на иницијатива на Општина...
Објавено на 26 Јули 2018, 14.36 од Д.Чапевски
2018-07-26-13-40-28    По повод традиционалните меѓународни „Голачки фолклорни средби“ кои  се одржуваат на 8 август 2018 година, Општина Делчево ги известува заинтересираните граѓани дека ќе се доделуваат...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес677
mod_vvisit_counterВчера1307
mod_vvisit_counterОваа недела1984
mod_vvisit_counterПретходна недела9753
mod_vvisit_counterОвој месец18303
mod_vvisit_counterПретходен месец48590
mod_vvisit_counterВкупно2083424

Присутни online: 21
Ваша IP: 54.198.195.11
,
Денес: Авг 14, 2018