Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0016_resize DSC 0018_resize

Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, претставници од Советот на Општината, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-плочата на Поп Стојан, а свештеници од МПЦ од Делчево одржаа литија во црквата „Св.цар Константин и царица Елена“.

DSC 0024_resize

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните навраќајќи се на историските моменти од Востанието истакна дека Востанието обврзува и поттикнува да работиме и да ја градиме нашата општина и славното Разловци кое во неговата агенда како градоначалник, има приоритет, бидејќи овде работел 8 години како професор што му дава можност да ги знае проблемите и потребите на жителите од селото.

- На земјоделците од Разловци им го решаваме проблемот со наводнувањето на нивните земјоделски површини. Ќе се санираат водните канали и јазови кои служат за наводнување на земјоделски површини на неколку локации во месноста Горно Поле, Спасева Глава, а ќе се насочи дел од водата на река Брегалница преку препиш во каналот. Исто така, ќе поставиме цевки во должина од 100 метри на дел од тој терен, за да ја намалиме загубата на водата. На месното Расток, Средно Поле ќе се направи насип за да се подигне нивото на р. Брегалница и да се приклучи каналот за да може да се наводнува и Средно Поле, истакна Трајковски.

Тој истакна дека ќе се изработи проект за изградба на стариот пат за Разловци во должина од 5 км, од фармите на „Рудине“ до приклучниот пат кај с. Тработивиште, додека изрази незадоволство од состојбата во која се наоѓа домот кој го чува споменот на Разловечкото востание.

-Не може еден таков уникатен архитектонски објект кој беше гордост на сите, сега да претставува срам поради негрижата на институциите во чија сопственост е објектот. Јас, одовде испраќам порака до надлежното Минситерство за култура да го поддржи готовиот проект за конзервација и реконструкција на Спомен-домот и веќе еднаш да почне санацијата на објектот. Во соработка со централната власт ќе работам за, конечно, да се реши овој проблем, истакна Трајковски.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од Востанието, во Спомен -домот „Разловечко востание“ беше отворена ликовната изложба на тема „Разловечки мотиви“подготвена од учениците од „ООУ„Ванчо Прке“, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ПУ во с. Разловци, како и ликовни дела на делчевскиот уметник Петар Атанасов-Пепи, а во културно-уметничката програма настапија КУД „Гоце Делчев“, ФГ „Н.Ј.Вапцаров“ и ФГ „Копачка“. На централната прослава во Разловци му претходеше планинарски марш на кој учество зедоа 9 планинарски друштва од Источна Македонија и од Софија. На сите учесници во настанот, Градоначалникот Трајковски им додели благодарници.

Инаку, настанот беше во организација на Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево.

DSC 0025_resize

DSC 0028_resize DSC 0032_resize

DSC 0035_resize DSC 0036_resize

DSC 0038_resize DSC 0040_resize

DSC 0045_resize

DSC 0055_resize

DSC 0077_resize

DSC 0079_resize DSC 0082_resize

DSC 0083_resize

DSC 0089_resize

1 n

2 n

Share/Save/Bookmark