Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

minimum wage

Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е дел од активности поврзани со застапување за воведување на шеми за минимален приход во Македонија и поддршка за прогресивна реализација на адекватни, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход како дел од сеопфатните системи за социјална заштита поддржани од Рамковна директива на ЕУ. Дополнително, планираните активности се поклопуваат со заложбата на Владата на РМ за реформи во социјалната сфера, воведување на минимален достоинствен приход и нов закон за социјална заштита, но и се во време на социјални движења во политиките на ЕУ, со што сметаме дека даваме есенцијален прилог во креирањето на квалитетни политики за намалување на сиромаштија.

Освен во Делчево, автобусот ќе помине и во Струмица и во Скопје, со што, Македонија ќе се вброи во 32-те земји  и 120-те програми кои се организирани за да се изгради свест за важноста на адекватните, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход врз целото општество, соопштуваат од Македонската платформа против сиромаштија.

На настанот ќе се испратат пораки за намалување на сиромаштијата и барања за воведување на гарантиран минимален приход во Македонија и достоинствен живот на граѓаните. Сите граѓани се поканети за учество во отворените дискусии и потпишување на  европската петиција.

„Секој е подеднакво важен! Никој не заслужува помалку, сите имаат полза!“, порачуваат од Платформата.

Носител на активностите е Европската мрежа за минимални приходи (EMIN), која е неформална мрежа на организации и поединци (експерти, професионалци, академици и различни субјекти активни во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост) и е посветена на прогресивно остварување на правото на адекватни, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход. Оваа мрежа е координирана од Европската мрежа за борба против сиромаштија (ЕАПН).

Share/Save/Bookmark