Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0016

Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, денеска во крстилницата „Св.Наум“која е дел од црквата во изградба „Св. Кирил и Методиј“, се одржа Света божествена литургија на која богослужеа свештеници од делчевското архиерејско намесништво, по што следуваше Света литија до новата црква параклис „Св.Климент Охридски“, каде беше извршено кршење на славскиот колач

 DSC 0022

DSC 0028 DSC 0033

DSC 0040

Во рамките на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, во Спомен-домот АСНОМ беше отворена историска изложба „Светите апостоли Кирил и Методиј“од авторките Зоја Богдановска - виш кустос- историчар и д-р Снешка Лакалиска-виш кустос- историчар на уметност во Музеј на град Скопје. Изложбата ја отвори проф.  д-р Александар Атанасовски, рецензент на изложбата, кој ја потенцираше улогата и значењето на браќата Кирил и Методиј, задржувајќи се на историските факти кои го отсликуваат животот и делото на солунските браќа.

-Концепцијата на изложбата ја сочинуваат паноа со историски карти, паноа од житието и мисиите на св. Кирил и Методиј и текст изваден од Панонските легенди. Вториот дел го сочинуваат паноа од култот во фреско- сликарството, иконописот, литографијата, резбата и скулптурата од доаѓањето на св. Климент и Наум, па до крај на 20 век, рече Атанасовски.

Градоначалникот Горан Трајковски во своето обраќање истакна дека Делчево денеска се поклонува пред ликот и делото на светите сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј, гордо славејќи ги како заштитници на градот, носејќи од дамнина почит кон светителите.

DSC 0038 DSC 0046

1 3

5

-Првата црква посветена на солунските браќа, за жал, била срушена во 1961 година, но Делчево гради нова црква посветена на двајцата просветители која мора да собереме сили и, конечно, да го изградиме објектот кој по својата габаритност и архитектонско решение, ќе биде црква за пример и наша гордост. Во оваа прилика, сакам да изразам благодарност на Неговото преосвештенство, митрополитот Брегалнички, Иларион кој воден од идејата за поврзаноста на Делчево како град низ кој тече Брегалница и со Брегалничката мисија, и со фактот дека во Источниот регион, каде се врзува делото на Кирил и Методиј, само делчевската општина немала свои светители, го даде предлогот овој светол ден, Денот на светите браќа, Кирил и Методиј да бидат патрон на градот со тоа овекувајќи нѐ и вечно нераскинливо врзувајќи нѐ за името на сесловенските просветители, рече Трајковски.

 Тој во своето обраќање ја најави кампањата која треба да ги мотивира сите наши пријатели овде и во странство, со цел заедно да се продолжи приказната на Делчево.

- Од овде денеска сакам и да ја најавам кампањата која ќе ја реализираме во текот на наредниве неколку месеци, а е под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“. Кампања за промоција на вредностите на Делчево во чии рамки ќе се одржат културни манифестации, бизнис-форуми, ќе се дискутира за она што на Делчево му треба и секој поединец да се чувствува корисен и одговорен кон своето родно место, истакна Трајковски.

Во рамките на свечената програма настапи хорот при ООУ „Климент Охридски “ од Делчево под диригентство на Дејан Ѓеорѓиевски-Ѕене, рецитаторската секција од ООУ „Ванчо Прке“, а свој настап имаше и ЗФК „Копачката“.

8

9 23

17

18

22 24

27

Share/Save/Bookmark