Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 5624_resize

Најмасовниот спортски настан во Делчево, годинава донесе над 600 учесници кои се натпреваруваа во категории распределени по возраста на учесниците од училиштата, потоа трка на 2500 метри, трка на 5000 метри, а новина оваа година беше трката за брзо одење на 2500 метри за учесници постари од 35 години.  

Победник на главната трка на 5000 метри е Борче Ивановски кој трката ја заврши пред второпласираниот Роберт Цветковски додека третото место му припадна на Влатко Димитровски. 

Трката годинава  ја носеше со себе пораката „Трчај, брзај движи се и за себе грижи се“ која има за цел да го промовира здравиот начин на живот и спортот како добра практика наспроти лошите навики кои создаваат здравствени проблеми кај граѓаните. Организатор на градската трка е  Здружението на граѓани „Драм-Ас“, во соработка со Здружението на македонски иселеници во Швајцарија „Рефрама“  и со поддршка на  Општина Делчево.

IMG 5629_resize

Share/Save/Bookmark