Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG-ab2388

Делчевски средношколци учествуваа на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица. Семинарот беше во  организација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќевање“, а на него учествуваа над 250 млади од Струмица и Делчево.

Целта на семинарот беше младите да добијат поголеми познавање на полето на роботиката и дигиталната технологија, но пред сѐ, да се запознаат со хуманоидниот робот од Бугарија НАО, како и да ги претстават своите автономни роботи, да добијат познавања за дигиталниот свет, криптовалутите и 3Д –принтерите. Пораката од семинарот е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и приоритет од програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

 Инаку, проектот е дел од долгогодишните инвестиции на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата.

IMG-5d92e

IMG-e8493

IMG-c20e

Share/Save/Bookmark