Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0008_resize

Општина Делчево од денеска почнува со прочистување и порамнување на земјените коловози и  прочистиување на канавките за одводнување на локалните патишта во селото Драмче-Илиово. Ќе се интервенира на пристапните патишта до Марковско Маало, Куриловско Маало, Филевско Маало, Божанско Маало и пристапниот пат до Маринковско Маало. Интервенцијата на патиштата ќе се изведува со машина грејдер, а е во согласност со Планот за интервентно одржување на општинските патишта и пристапни патишта за подрачјето на Општина Делчево за 2018 со кој  е планирана динамиката на спроведување на интервентното одржување на патиштата

DSC 0010_resize

Градоначланикот Горан Трајковски кој денеска направи увид во работите истакна дека за тековната 2018 година планираниот обем на извршување на работите изнесува 82,5 км за општински патишта со асфалтен коловоз, 101 км за општински патишта и пристапни патишта со земјен коловоз и 38,5 км за улици за што се предвидени 1,2 милиони денари во општинскиот буџет.

-Активностите на терен ќе ги изведува економскиот оператор „Еуро бетон“ од с. Град Делчево, а во согласнот со Договорот за интервентно одржување на општинските патишта, пристапни патишта, улици и чистење речни корита и ендеци на подрачјето на општина Делчево. Подрачјето на Општина Делчево е специфично и, генерално, може да се подели на три типа на сообраќајно поврзување: градот Делчево, населените места од збиен тип и населените места од разбиен тип, поради што е специфична и патната инфраструктура. Од извршениот увид на состојбата на општинските патишта е утврдено дека коловозите на општинските земјени патишта се во крајно лоша состојба поради подолго време на неодоржување. Неко делници како Киселица-Селник-Ваканица-Вратиславци се неупотребливи за сообраќај, истакна Трајковски.

Тој додаде дека дел од постарите општински патишта со асфалтен коловоз се со стеснат коловоз од околната вегетација, во најлоша состојба се пристапните патишта до населените места од разбиен тип.

Интервентните работи за санирање на патиштата предвидуваат три фази на реализација. Првата фаза претставува израмнување, нивелирање на земјените коловози со чистење на одводните објекти-канавки. Втората фаза опесочување на критичните места со мешано сепариран камен или со речен песок и нивелирање. Третата фаза е чистење на општинските патишта од вегетација по банкините и одводните канавки. Четвртата фаза е изведување одводни канавки, крпење ударни дупки на коловозите.

Share/Save/Bookmark