Понеделник, 04 Јуни 2018 08:35
Во присуство на Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на планината Голак, покрај стариот манастир, беше поставен и осветен камен- темелникот на новиот храм „Св.Пантелејмон“. Ктитор на овој нов верски објект е делчевецот Мите Стојковски кој со семејството живее во Скопје. На поставувањето на камен -темелникот присуствуваа министерот за земјоделие Љупчо Николовски, првите луѓе на општините Делчево и Виница, Горан Трајковски и Ивица Димитров, претставници на Собранието на РМ, носители на јавни функции, како и голем број поканети гости.
Според проектот, станува збор за манасторски комплекс во кој ќе има конаци, крстилница, камбанарија и други пропратни објекти. Објектот ќе се гради по стар стил од камен.
Митрополитетот Брегалнички Иларион истакна дека ова ќе биде еден од највелелепните верски објекти во регионот.
-Посакуваме здравје на нашиот ктирот и неговото смејство. Тој сака да остави белег во овој крај, на оваа височина и божја убавина, храм за потребите на сите верници каде ќе се слоави името на Бога. Ова ќе е еден од најубавите и велелепните, каде ќе се собираме и за богослужби и за крштевки и венчавки, а искачувајќи се на овие височини ќе го славиме Бога, истакна владиката Иларион.
Ктиторот Мите Стојковски рече дека ова била негова идеја одамна, а сега со поддршка на владиката Иларион таа идеја, конечно, се реализира.
-Овој верски објект е моја стара идеја и благодарени на владиката ќе можам да ја реализирам. Објектот ќе пресрасне во манастирски комплсекс и верувам дека ќе привлекиува многу туристи, добронамерници.Ќе се гради по стар начин на градење со камења и очекувам манастирот да биде готов за две до три години, а целиот комплекс 7-8 години, истакна Стојковски.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.