Вторник, 05 Јуни 2018 10:19
Со детски песнички, тетатарска претстава и со игра, 98 дечиња од предучилишното воспитание и образование ѝ кажаа збогум на детската градинка. Директорката на детската градинка „Весели цветови“ Билјана Симовска истакна дека оваа завршна приредба е традиција во градинката и презентација на сето она што децата го научиле во градинката.
- Овие дечиња од септември ќе бидат првачиња. Ние успеавме добро да подготвиме уште една генерација ученици. Се учевме да бидеме одговорни граѓани и вредни ученици. Завршниот настан на кој преку подготвени рецитали, музички изведби и театарска претстава идните првачиња, покажаа што сѐ научиле во текот на изминатите неколку години. Како благодарност за долгите години поминати во установата дечињата добија дипломи и скромни подароци со што на достоен начин и кажаа збогум на градинката, истакна Симовска.
В четврток со почеток од 9 часот е закажан и завршниот настан за дечињата од објект број еден кој работи во состав на установата.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.