Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG resize

Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно Детален урбанистички план.

Учесниците  на конкурсот имаат за задача користејќи ги елементите од современото и традиционалното наследство да предложат модели на градски плоштад на површина од 3000м2.

Содржини кои треба да бидат предвидени и за кои треба да се води сметка се:

-       Реконструкција на летна сцена

-       Поставување на детски играчки и гумирана подлога за безбедност на децата

-       Елементи за скејт парк (за детали за истите може да се информирате и да ги добиете дополнително од општина Делчево)

-       Електронски билборд

-       Парккинг и простор за велосипеди

-       Фонтана

-       Јарболи за знамиња (три јарболи)

-       Клупи, канти за отпадоци

-       Панели за поставување на изложби

-       Канделабри за осветлување

Увид на локацијата во Деталниот урбанистички план може да се изврши на www.iopstina.mk или во просториите на Општина Делчево кај лицето Горан Петровски, контакт тел:033 411 550.

Избраното решение ќе биде наградено со вкупен паричен фонд од 10.000,00 денари обезбедени од буџетотна Општина Делчево.

Конкурсот има за цел градот Делчево да добие поубав лик, да се обезбеди локација која ќе биде во функција на туризмот и на привлекување на домашни и странски туристи.

На конкурсот можат да се достават неограничен број на идејни решенија, а право на учество имаат  правни и физички лица.

Доставените идејни решенија треба да содржат:

-текстуален опис;

-апроксимативен предмер со пресметка;

-графички прилози од кои може да се добие увид во идејното решение.

Рок за достава на идејните решенија: 7дена од објавата на Конкурсот.

Идејните решенија да се достават на следната адреса: ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО ул: „Светозар Марковиќ“ бр.1,  2320 Делчево.

Изборот ќе го спроведе Комисија формирана од Градоначалникот за таа цел и ќе избере 1 (едно) идејно решение.

Општина Делчево го задржува правото да  откупеното решение го користи за свои потреби.

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ГРАДСКИ ПЛОШТАД ПРЕД СПОМЕН ДОМ АСНОМ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАДОТ ДЕЛЧЕВО

 

                                                                                                                                                 

                                                                                                                   ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО

                                                                                                                   Градоначалник

                                                                                                           Горан Трајковски

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 06 Декември 2019, 10.44 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-47-39 Во делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ се инсталира националниот библиотечен информациски систем КОБИС со што ова делчевско училиште е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка која има...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-36-52 Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на...
Објавено на 05 Декември 2019, 13.40 од Д.Чапевски
2019-12-05-12-45-05   „Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ...
Објавено на 05 Декември 2019, 09.14 од Д.Чапевски
2019-12-05-08-16-59 Осум ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево се закитија со награди на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ во организација на Македонското географско...
Објавено на 03 Декември 2019, 14.12 од Д.Чапевски
2019-12-03-13-16-25   Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната собаопремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската...
Објавено на 03 Декември 2019, 12.47 од Д.Чапевски
2019-12-03-11-50-21  Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и...
Објавено на 03 Декември 2019, 08.39 од Д.Чапевски
2019-12-03-07-43-45  „Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица....
Објавено на 02 Декември 2019, 12.19 од Д.Чапевски
2019-12-02-11-20-23   Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во...
Објавено на 02 Декември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-12-02-10-12-55 Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ посветен на Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, вечерва делчевскиот композитор Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене и вокалната...
Објавено на 28 Ноември 2019, 14.50 од Д.Чапевски
-32- 32 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 06.12.2019година (петок) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 28 Ноември 2019, 08.09 од Д.Чапевски
2019-11-28-07-17-59 По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево во партнерство со Здружението „Бравура кооператива“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, ЈЛБ „Илинден“ ,...
Објавено на 27 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-27-13-16-09     Со пригодна свеченост денеска во Делчево Здружението Фолклорна група „Копачка“ одбележа 5 години од впишувањето, на ова по многу нешта уникатно оро, на Репрезентативната листа на...
Објавено на 27 Ноември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-11-27-11-13-22 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од канализациската мрежа  во селото Стамер со што се решава долгогодишен проблем за жителите во ова село.  Станува...
Објавено на 25 Ноември 2019, 15.19 од Д.Чапевски
2019-11-25-14-21-59 Општина Делчево стана 167 членка на Мрежата ЦИВИНЕТ Сло-Хр-ЈИЕ која е една од најактивните и најбројните европски мрежи со членки од 6 земји. Мрежата ЦИВИНЕТ  им дава можност на членките да бидат...
Објавено на 23 Ноември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
-200-   Јавори, јасени, липи и чемпреси се засадуваа денеска во урбаниот дел од градот по однапред направен распоред од одговорните лица во Општина Делчево. Во акцијата „За почист воздух“се вклучија...
Објавено на 22 Ноември 2019, 14.53 од Д.Чапевски
2019-11-22-13-55-26   На денешната Седница на Советот за социјална заштита на Општина Делчево беше донесен Социјалниот план за 2020 година на Општина Делчево во кој се содржани  главните активности на...
Објавено на 22 Ноември 2019, 10.34 од Д.Чапевски
-------200- Сѐ е поготвено за акцијата за пошумување во урбаниот дел од градот која ја организира Општина Делчево, а ќе се одржи утре на 23.11.2019, сабота . За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите граѓани,...
Објавено на 21 Ноември 2019, 10.07 од Д.Чапевски
-2020- Изградбата на градскиот пазр во Делчево е приоритетен проект во Програмата за развој на Општина Делчево за 2020 година усвоен од советниците на 31 Седница на Советот на Општина Делчево. Целта на...
Објавено на 20 Ноември 2019, 14.37 од Д.Чапевски
2019-11-20-13-43-25  Советниците на денешната 31 Седница на Советот на Општина Делчево ја усвоија Одлуката за основање Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад. Согласно со Одлуката, Заедничкото...
Објавено на 19 Ноември 2019, 08.40 од Д.Чапевски
2019-11-19-07-46-39  Во Општина Делчево има 27 згради за колективно домување, од кои 22% имаат лифт,  а 55% имаат деловни простории, додека најстарата зграда е изградена во 1950 година. Овие податоци стојат во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1919
mod_vvisit_counterВчера2059
mod_vvisit_counterОваа недела14004
mod_vvisit_counterПретходна недела20677
mod_vvisit_counterОвој месец17087
mod_vvisit_counterПретходен месец74155
mod_vvisit_counterВкупно3126767

Присутни online: 28
Ваша IP: 3.215.182.36
,
Денес: Дек 07, 2019