Вторник, 12 Јуни 2018 07:15
Најдобрите ученици од делчевските училишта кои се прогласени за првенци на генерацијата, како резултат на постигнатите успеси во учебната 2017/2018 година, ќе добиваат стипендии од Општина Делчево. Советниците од делчевскиот Совет на последната Седница на Советот одржана на 8 јуни ја поддржаа Одлуката за стипендирање на првенците на генерациите во ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“’ и СОУ „М.М Брицо“.
Стипендија од 3.000 денари во период од 9 месеци ќе добива првенецот на генерацијата од СОУ „М.М.Брицо“, додека стипендија во износ од 2.000 денари ќе добиваат првенците на генерацијата во двете основни училишта. Средствата за исплата на стипендиите се обезбедени во Буџетот на Општина Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.