Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

srbija nastan

Роднокрајни автори од  Делчево на 15 и 16 јуни годинава, ќе ги презентираат своите дела  во Пландиште ,Србија,во рамки на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“ на ЈЛБ„Илинден“ од Делчево.

Проектот е поддржан  од Министерството за култура на РМ со 50.000 денари, а за негова реализација со сопствени средства ќе учествува и библиотеката, истакна директорката Билјана Петровска.

-За нас проектот е доста значаен  бидејќи наши роднокрајни автори ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и своето творештво, надвор од  Македонија. Во Пландиште, ќе се одржи литаратурно читање  а ќе биде поставена и изложба енкаустика.Исто така, соодветен настан ќе се одржи и во Качарево , а ќе бидат посетени и повеќе тамошни библиотеки со кои во иднина нашата библиотека би соработувала што значи разменува искуста и идеи, и продлабочување на соработката, истакна Петровска.

Инаку, по подолг период, делчевската библиотека добива поддршка од Министерството за култура за реализација на проекти кои ја промовираат прекуграничната соработка на библиотеката.

Share/Save/Bookmark