Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1.1o

Македонска поезија и сатира,  создадена од делчевски автори беа претставени во Качарево, Р. Србија, во рамките на проектот на ЈЛБ „Илинден“ од Делчево  „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“ ..

Со свои творби пред многубројната публика во Качарево, каде 80% од жителите се Македонци, се претставија поетите Христина Деолска, Даниела Такева, Билјана Димитровска , афористичарот Миле Ѓоргијоски, додека наградуваните литературни творби од ученици ги претстави професорката Маријана Стоименовска.  Вечерта беше збогатена со изложбата на делата создавани со техниката енкаустика од авторката Христина Деолска, со карикатури на Јордан Поп Илиев, Блаже Докуле, Миро Ѓеоргиевски, а настапија и српски поети, но и ученици од ОУ „Жарко Зрењанин“ од Качарево кои учат и творат на македонски јазик.

За директорката на ЈЛБ „Илинден“ од Делчево, Билјана Петровска, оваа средба отвора можности за идна соработка со сродни институции.

-Многу ми е драго што сме овде велат дека кога човек ќе стекне нови приојателства стекнува богатсво стапивме во соработка со библиотеката со Домот на културата во Качарево и верувам дека ова е само почеток на една плодна соработка. Ние како библиотека подаривме нови изданија наслови од роднокрајни автори, како и македонска литература која ,секако, добро ќе дојде на училишната и градската библиотека , рече Петровска.

Невена Спремо, директорка на Домот на културата„Братство и единство“ во Качарево потенцираше дека  размената на искуствата се многу важни и со нив се збогатува понудата за граѓаните.

-Мене ми е многу мило што можеме да реализираме еден ваков проект, бидејќи размената на искуствата со братските институции е многу важна. Со тоа го унапредуваме нашиот развој нашите контакти, а ја промовираме и мултикултурата, бидејќи македонската заедница во Качарево е една од побројните националности и со тоа гледаме секогаш да организираме вакви пригодни програми, истана Спремо.

1.2o

Во Качарево според пописот има 1700 Македонци, но претстедателот на Здружението „Вардар-Качарево“ и член на Националниот совет на македонското малцинство, Симе Најдовски, истакна дека нивниот број е двојно поголем.

-Во ОУ „Жарко Зрењанин“, 30 ученици го учат македонскиот јазик како изборен предмет, но она што најмногу ни недостасува се нови дела од македонската литература посебно лектирите, како и учебници. Јас ја користам оваа прилика да се заблагодарам за подароците со книги на делчевската библиотека, но и испраќам апел до сите во Македонија да ни помогнат, за да го збогатиме фондот на книги на македонски, истакна Најдовски.

Проектот е поддржан  од Министерството за култура на РМ, а за негова реализација со сопствени средства учествува и библиотеката. Инаку, по период  шест години, делчевската библиотека добива поддршка од Министерството за култура за реализација на проекти кои ја промовираат прекуграничната соработка на библиотеката.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...
Објавено на 10 Мај 2019, 10.32 од Д.Чапевски
2019-05-10-09-34-43 По повод Европската недела на имунизацијата денеска во Делчево беа доделени 10 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче, а беше доделен и...
Објавено на 09 Мај 2019, 10.16 од Д.Чапевски
2019-05-09-09-20-47  Со пригодна свеченост, денеска Делчево одбележа 74 години од победата над фашизмот и 69 години од Денот на Европа.  По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот,...
Објавено на 06 Мај 2019, 06.36 од Д.Чапевски
2019-05-06-05-39-10 Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани и креативни граѓани кои ги уредуваат своите дворови или граѓаните кои се воодушевуваат на уредениот двор на пријател или сосед или стопански субјект, да...
Објавено на 04 Мај 2019, 10.09 од Д.Чапевски
-116- Делчево се поклони пред великанот и патронот на градот Гоце Делчев. Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ од Делчево по повод 116-годишнината од смртта на Делчев, се...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.35 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-38-59 Се подготвува уште еден парк во центарот на градот зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Согласно со проектот, новиот парк ќе опфаќа површина од 2000м2, а планирано е комплетно хортикултурно...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.29 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-31-24 Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, Општина Делчево ќе избира најубаво уреден двор. Водејќи се од мотото дека секој...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.25 од Д.Чапевски
-116 По повод одбележувањето на 116 -годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев и патрон на градот Делчево, на 4 мај во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на...
Објавено на 02 Мај 2019, 21.49 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-54-09 Нови цвеќарници, саксии и нови цветни аранжмани ќе добијат зелените јавни површини во централното градско подрачје. Деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ од Секторот за паркови и зелени започнаа со...
Објавено на 01 Мај 2019, 21.33 од Д.Чапевски
-o- На 22. Седница, Советот на Општина Делчево ја усвои Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка на општините од Источниот и Североисточниот регион за основање меѓуопштинско јавно прeтпријатие за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес854
mod_vvisit_counterВчера2027
mod_vvisit_counterОваа недела854
mod_vvisit_counterПретходна недела17815
mod_vvisit_counterОвој месец42311
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2675219

Присутни online: 21
Ваша IP: 52.23.234.7
,
Денес: Мај 19, 2019