Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize

Во завршна фаза е реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Делчево. Денеска  се поставува првиот слој асфалт, а како што информираат од фирмата изведувач на работите „Ескалатори“ ДОО Скопје, комплетното асфалтирање треба да заврши кон средината на идната недела.

Инаку, претходно беше вградена атмосферска канализација на нискиот дел од улицата со вкупна должина од 177 метри со што ќе биде решено одводувањето на атмосферските води кој е долгогодишен проблем на оваа улица. Реконструкцијата ја  опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“. Асфалтирањето ќе се изврши на целата улица, односно и на двата коловоза, од страната на стоковната куќа „Пела“ и од кај зградата вклучувајќи ги и паркинзите. Бетонскиот дел од тротоарот пред зградата спроти стоковната куќа „Пела“ќе се поплочи со бехатон плочки со што ќе се уедначи со останатиот изграден дел од тротоарот.

DSC 0014_resize DSC 0020_resize

Изградбата на улицата е дел од проектот „Општински рурални инвестиции“ во кој покрај реконструкцијата на ул „Маршал Тито“, беше предвидена реконструкацијата и на улиците „Питу Гули“ и „Светозар Марковиќ“.

Средствата за реализација на овој проект се доделени на Општина Делчево во форма на ИПА грант средства. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, администрирана од страна на Светска банка. Целта на оваа програма е подобрување на инфраструктурата во руралните области, односно подобрување на квалитетот на живот и мобилноста во Општина Делчево. Вкупниот износ на проектот изнесува 291.018 евра, 195.000 евра е грантот на ЕУ, кофинансирањето од националниот буџет е во износ од 65.000 евра и од општинскиот буџет во износ од 31.018 евра.

DSC 0005_resize

DSC 0015_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 16 Ноември 2018, 12.06 од Д.Чапевски
2018-11-16-11-10-12 Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на...
Објавено на 15 Ноември 2018, 14.12 од Д.Чапевски
-15-2019 Од денеска започнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата која ќе трае сѐ до 15 март 2019 година. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата...
Објавено на 15 Ноември 2018, 13.58 од Д.Чапевски
2018-11-15-13-04-31 Десетина штандови на кои беа изложени мајсториите на добро познатите занаетчии од Пијанец, донесе Саемот на стари занает кој по пауза од десетина години го организираше  Националната установа...
Објавено на 13 Ноември 2018, 15.19 од Д.Чапевски
2018-11-13-14-21-08 Планските активности за претстојната зимска сезона беше тема на координативниот состанок во организација на Регионалниот центар за управување со кризи-ПО Делчево и Дирекцијата за заштита и спасување...
Објавено на 13 Ноември 2018, 11.08 од Д.Чапевски
2018-11-13-10-10-14 Ќе продолжи доизградбата на новата црква во Делчево посветена на заштитниците на градот, светите апостоли Кирил и Методиј. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска истакна дека...
Објавено на 13 Ноември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-11-13-07-43-58 Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево ќе се одржи на 16 ноември, в петок, со почеток во 10 ч. во ресторан „Либеро“. Семинарот е во организација на Фондацијата...
Објавено на 12 Ноември 2018, 15.22 од Д.Чапевски
2018-11-12-14-25-29 Интензивно се работи на доопремување на првиот мултифункционален и мултикултурен центар во Делчево кој ќе биде смесетен на третиот спрат во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на центарот се подготвува и...
Објавено на 12 Ноември 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-11-12-10-49-56  Министерот без ресор во Владата на РМ, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, направија увид во завршните работи на ул„Илинденска“ во ромското маало во населбата...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.46 од Д.Чапевски
-------2018 Делчевските советници на денешната редовна 15 Седница ги донесоа Имените и допонувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Според образложението на Анка Христова, раководител на Одделение за...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.42 од Д.Чапевски
2018-11-09-14-43-11 Општина Делчево ги известува граѓаните дека изврши промена на работното време на административните службеници и другите вработени во одделенијата и секторите во Општина Делчево. Започнувајќи од...
Објавено на 09 Ноември 2018, 12.39 од Д.Чапевски
-2018 Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 12 месеци, период во кој ја водам...
Објавено на 07 Ноември 2018, 12.03 од Д.Чапевски
2018-11-07-11-05-37 Општина Делчево ги известува граѓаните дека е во тек редовна постапка за изготвување на Програмата за уредување градежно земјиште и Програмата за изградба, реконстрикција и одржување општински (локални)...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.47 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-55-32 15. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 09.11.2018 (петок) , со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-38-00 Делчево на 16 ноември ќе биде домаќин на регионален семинар по роботика и напредни технологии. Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека семинарот се организира во соработка со...
Објавено на 01 Ноември 2018, 09.29 од Д.Чапевски
2018-11-01-08-32-30 Во делчевската детска градинка „Весели цветови“ набавени се нови играчки и дидактички средства за сите воспитни групи. Вредноста на набавката е 30 илјади денари, а таа е планирана активност и согласно...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.53 од Д.Чапевски
2018-10-30-11-55-07 Поради зачестената кражба на капаците од долниот дел на канделабрите за улично осветлување, Општина Делчево ги информира граѓаните дека покрај материјалната штета, се зголемува ризикот по безбедноста на...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.04 од Д.Чапевски
-730- Во Делчево ќе се гради првата улица во новата населба „Пролет“ во должина од 261 метар. На јавната набавка за најповолен понудувач е избран економскиот оператор „ОСД Кирил“ ДООЕЛ Скопје кој треба да ги...
Објавено на 25 Октомври 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-10-25-10-02-37 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на површините на градските гробишта. Оваа тековна активност е со цел да се исчистат површините од гранки, грмушки, диви...
Објавено на 24 Октомври 2018, 10.47 од Д.Чапевски
2018-10-24-09-51-00 Започнаа градежните работи за реконструкција на фасадата на старата училишна зграда на делчевската гимназија и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а...
Објавено на 23 Октомври 2018, 09.37 од Д.Чапевски
-23-2018  Со полагање на букети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес372
mod_vvisit_counterВчера1918
mod_vvisit_counterОваа недела372
mod_vvisit_counterПретходна недела15027
mod_vvisit_counterОвој месец37034
mod_vvisit_counterПретходен месец56202
mod_vvisit_counterВкупно2267224

Присутни online: 30
Ваша IP: 54.167.112.42
,
Денес: Ное 19, 2018