Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Со цел поубаво и почисто Делчево, општинските комунални редари и инспектори ја започнаа акцијата за почисто Делчево, во рамките на која ќе се вршат инспекциски контроли на јавните и сообраќајните површини.

Општина Делчево ги известува граѓаните кои имаат оставно огревно дрво, песок, градежни материјали, возила и сл, да ги отстранат од јавните површини со што ќе дадат свој придонес во чистотата на градот, во спротивно ќе се преземат соодветни мерки предвидени во законсите одредби.

Инспекциските контроли на комуналните инспектори и редари се редовни и согласно со Одлуката за комунален ред на подрачјето на општина Делчево, Законот за јавна чистота и Законот за комунални дејности.

Со оваа мерка ќе се придонесе за почиста животна средина, ќе се зголеми безбедноста на сообраќајниците низ градот, со што ќе сеподобри и квалитетот на животот на граѓаните на Општина Делчево.

Share/Save/Bookmark