Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“и акцијата „Заедно до поубаво Делчево“, Општина Делчево објавува

 ЈАВЕН КОНКУРС

За избор на најубаво уреден двор во општина Делчево

 

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани икреативни граѓани кои ги уредиле своите дворови, или граѓаните кои се воодушевуваат на уредениот двор на пријател или сосед или стопански субјект, да поднесат пријава во рамките на Јавниот конкурс најдоцна до 20. 07.2018.

Со овој Конкурс, Општина Делчево ќе  избира најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција или стопански објект за 2018 година.

За најубаво уреден двор, предвидени се две награди во износ од 10.000 денари во две категории:

1.   Индивидуално домување;

2.   Колективно домување или институција и стопански објект.

Прогласувањето на добитниците на наградите ќе се одржи во рамките на одбележување на 7 и 8 Септември 2018 година.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и изборот на кандидатите го врши соодветна Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, составена од претставници на вработените во Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

Пријавувањето се врши со пополнување на Пријава во Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, а Конкурсот ќе трае од 9 јули до 20 јули 2018 година.

Share/Save/Bookmark